Контакт

Сцена

КУД „Дримкол“ од Вевчани со успешен настап во Грција

Објавено пред

КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот  фестивалот за музика и танци „Музика и море“, што се одржува во грчкото туристичко крајбрежно место Паралија.

dobivaj vesti na viber

 

 

Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич.

 

Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд При наградата на фестивалот.

 

Во рамките на овој фестивал се организира и Балканска фолклорна вечер во Атина на која Македонската култура и традиција ќе ја претставува првиот фолклорен ансамбал на „Дримкол“.

 

КУД „Дримкол“ од Вевчани со оваа турнеја заокружува уште едно успешно работно лето во кое реализира: 50 Македонски фолклорни вечери за гостите од Холандија кои престојуваа во Струга и Охрид, пет гостувања низ државата во рамките на Летниот културен бран преку Министерството за култура на Р.М, учество на  Балканскиот фестивал во Охрид и фолклорните фестивали во Битола и Велес, реализација на Фестивалот за народна култура,,Пображење,,- Вечани.

 

За есенскиот период од „Дримкол“ најавуваат подготовка и реализација на самостоен концерт во Македонскиот народен театар во Скопје кој ќе го реализираат во ноември и подготовка за Традиционалниот новогодишен концерт во Вевчани. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4...

Македонија2 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија2 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија3 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет4 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија5 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија5 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа7 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет7 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа7 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет8 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа8 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа9 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа9 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа9 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија19 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија22 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија1 ден

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...