Сцена
МОТ од 21 до 27 септември во МКЦ
Фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, ќе се одржи од 21 до 27 септември.
На прес- конференцијата којашто се одржа во среда во просториите на МКЦ беше претставена програмата на овој меѓународен фестивал МОТ и беше нагласено дека повторно во фокус е тесна селекција на светски и регионални театарски продукции која на исто место ќе ги обедини вљубениците во театарот.Во изминативе 40 години на МОТ биле презентирани театарски групи театри, самостојни театарски уметници од над 70 земји од Европа и светот, со над 700 изведби. Фестивалот значи многу за театарот и севкупниот културен живот во Скопје.Во периодот од 21 септември, кога е и официјалното отворање на фестивалот, па до 27 септември, на репертоарот на фестивалот има четиринаесет продукции од: Романија, Унгарија, Србија, Словенија, Хрватска, Косово, а ни гостува и еден од најреномираните европски театри, театарот од Види Лозана од Швајцарија. На прес-конференцијата присуствуваа и дел од екипа на претставата „Догвил“ на Миксер Хаус, Белград којашто е театарската адаптација на истоимениот филм на Ларс фон Трир, режисерот на претставата Кокан Младенович, во која меѓу другите играат и Бранислав Трифуновиќ, Милица Мајсторовиќ и Милица Јаневски, а музиката за претставата во живо ја изведува Vrooom.Режисерот на претставата Кокан Младенович, истакна дека нивниот Догвил е замислен како платформа во која се изнесени исфрустрираноста, омразата, агресијата и нетолеранцијата на различните мислење, верувања, како и сексуална ориентација. Претставата ја следи приказната на Грејс која бегајќи од гангстери, наоѓа засолниште во навидум идиличниот град наречен Догвил. Исфрустрираноста, тесноградоста и агресија на жителите на оваа идеализирана заедница бргу ќе излезат на виделина и Грејс ќе стане жртва на оние на кои таа сакала да им помогне и во чија хуманост и добрина верувала. МОТ оваа година учествува и во светската прослава на 100 години од смртта на Вилијам Шекспир, со ревијата на бесплатни играни филмови снимени по драми на Шекспир. Публиката на закажаните проекции во Џебното кино во МКЦ ќе има можност да ги погледне легендарните наслови како ХАМЛЕТ на сер Лоренс Оливие, КРАЛОТ ЛИР на Питер Брук и мноштво други.Во рамките на фестивалот како дополнителна програма, ќе се одржи и промоција на книгата РАПСОДИЈА НА ТЕАТАРОТ во издание на МОТ и МКЦ од францускиот филозоф, драматург и професор Алан Бадју. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.
Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.
На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.
На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.
Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР

