Контакт

Сцена

Над 10 илјади гледачи на фестивалот на комедијата ’Гола месечина’

Објавено пред

Со премиерата на претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир во изведба на актерите од Театар Комедија а во режија на Дејан Пројковски, во понеделникот навечер заврши Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој во своето прво издание во изминатите девет ноќи забележа извонредна посетеност од повеќе од десет илјади гледачи, соопштија во вторникот организаторите на оваа нова културана манифестација која се одржа во скопската Општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот исто така, беа доделени и признанијата на фестивалот, па така Гран-при за најдобра претстава доби „Без паника“, за најдобар режисер е прогласен Синиша Ефтимов за „Сомнително лице“, а Елвира Аљукиќ и Зоран Љутков се наградени за најдобра женска и машка улога

Тричлената оценувачка комисија во состав Петар Темелковски, претседател, Александра Кардалевска и Оливер Јосифовски, членови, едногласно ги додели паричните награди и тоа Гран-при за најдобра претстава на „Без паника“ во режија на Благој Мицевски, а во изведба на актерите од Народниот театар Битола.

Награда за најдобар режисер доби Синиша Ефтимов за претставата „Сомнително лице“, за најдобра женска улога – Елвира Аљукиќ за претставата „Хамлет во Долна Мрдуша“, а за најдобра машка улога доби Зоран Љутков за претставата „Солунски патрдии“.

Инаку, за време на фестивалот беа изведени вкупно осум претстави, коишто ги видоа повеќе од 10.000 граѓани, со што се оправдаа заложбите на Општина Аеродром со средства од својот буџет да го збогати културниот живот на граѓаните и да ги развесели и разведри љубителите на театарот и комедијата.

Изборот на претставите за првото фестивалско издание го погоди вкусот на публиката и покажа дека оваа манифестација треба да прерасне во традиција и на тој начин да ја направи културата достапна до секој граѓанин, заклучија од организацијата на фестивалот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет36 минути

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет40 минути

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет2 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет2 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија13 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија15 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија17 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија19 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија20 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија20 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија21 час

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија22 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија24 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет1 ден

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет1 ден

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...