Сцена
Претпремиера на „Чувството на брадата“ во Театар Комедија
Претставата „Чувството на брадата“, по текст на Ксенија Драгунска и во режија на Борис Лијешевиќ ќе ја доживее својата претпремира во четврток вечер, 25-ти септември, а премиерно ќе биде изведена во петок, во Театар Комедија.
Ксенија Драгунска од Русија и Борис Лијешевиќ од Србија, за првпат работат во Македонија, а директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, на прес-конференција во четврток рече дека е „среќна што Театар Комедија повторно е пионир во своето дејствување со носењето на овие две нови имиња за македонскиот театар“.
Авторката Ксенија Драгунска изјави дека Македонија и Русија се две православни, братски земји и дека многу и е драго што нејзиниот текст е еден од ретките современи руски текстови во Македонија и сигурна е дека нејзините колеги во Русија ќе и завидуваат. Интересен факт е дека првата поставка на нејзината пиеса „Чувството на брадата“ веќе 14 години се игра на сцените во Москва. Нејзиниот текст зборува за мистичните предели на селските средини во централна Русија и може да се рече дека станува збор за своевидна траги-комедија.
Режисерот Борис Лијешевиќ метафорично го опиша текстот на руската авторка:
„Светот на Ксенија Драгунска во текстот „Чувството на брадата“ потсетува на мочуриштето кое многу луѓе би сакале да го исушат и асфалтираат и на тоа место да подигнат бетонски објекти, без да се запрашаат – што со тоа се губи? Главната хероина не носи во еден чуден, опасен, непредвидлив, ама во исто време поетичен, духовит, неодолив, автентичен и неповторлив свет. Свет кој крие чудовиште, но и бисери. Тој чудесен и луд свет го набљудуваме со неверување и внимателност, сметајќи ги неговите херои за заостанати и примитивни митомани, за да до крај, текстот не стави во обратна перспектива каде не чека прашањето – кој е во право? Кој ги држи клучевите на објективноста? Кој може да каже дека го познава светот? Кој може да суди за светот?“.
Во претставата игра целиот ансамбл на Театар Комедија: Кристина Ласовска, Нина Деан, Жарко Димоски, Зорица Нушева, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Едмонд Сотир, Валентин Костадиновски-Тино, Ева Скендеровска, Илија Илиоски, Крсте Јовановски и Атанас Атанасовски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите ги подготви Илина Ангеловска.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.
Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.
На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.
На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.
Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР

