Контакт

Сцена

Сатиричeн театар од Софија го отвора фестивалот „Гола месечина“

Објавено пред

Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, кој идната година ќе одбележи 60 години постоење, вечер ќе го отвори третиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ со претставата „Автобус“ по текст на Станислав Стратиев и во режија на Здравко Митков.

dobivaj vesti na viber

„Авторот Стратиев е еден од најголемите сатиричари на бугарската драма и литература. Пиесата ‘Автобус’ ја напишал во 1980 година и била праизведена четири години подоцна. Премиерата на оваа постановка во режија на Митков во Софија беше лани во октомври и за девет месеци имала 30 изведби. ­ Станислав Стратиев е најголем драматург во Бугарија, кој своите текстови ги пишувал во некогашниот тоталитарен систем. „Автобус“ го обработува проблемот на тоталитаризмот, но овде не станува збор дека тој се врзува со некаква политичка конотација, туку со потребата да се креира едно мислење, односно контрола на човековото мислење. Текстот на Стратиев создава сериозен темел за актерска креација и е така напишан за на актерот да му помогне да ги реализира врвните актерски можности“, рече во понеделник на прес­конференција режисерот Митков, кој е и директор на овој софиски театар.За Сатиричниот театар „Алеко Константинов“, кој идната година ќе наполни шест децении, Митков рече дека во своето постоење имал социјална и политичка функција.„До 1989 година, рече тој, публиката тешко доаѓала до билет за кој се чекало во долги редови. ­ Сега условите се променети. За жал, системот на финансирање на театарската уметност во Бугарија не е меѓу најсовршените и нашиот театар во моментов води тешка битка за постоење„, рече Митков.За „Гола месечина“ рече дека е чудесна идејата да се направи театарски фестивал на крајот од сезона зашто бара многу работа, смелост и инвенција.Селекторот на фестивалската програма Андреј Цветановски истакна дека „Автобус“ може да се опише како езоповска критика на општеството. Додаде дека е голема чест доаѓањето на Митков за кого рече дека е величина на бугарскиот театар кој во моментов ја работи својата стота претстава.„Автобус“ е приказна во која деветмина патници патуваат во градски автобус. Тој одеднаш скршнува од својата рута и патниците сфаќаат дека никогаш нема да стигнат на посакуваната дестинација. Во својот страв, паника и терор тие се претвораат во агресивна маса. Во актерската екипа се: Тончо Токмачиев, Александра Сарчаджиева, Мартина Вачкова, Михаил Сарвански, Красимир Куцупаров, Светломир Радев и Петар Ладжев.Третиот Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“ го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура. Ќе се одржува во Спортскиот центар Ново Лисиче во општина Аеродром до 29 јуни до кога ќе бидат изведени уште седум претстави. Покрај од Софија, ќе гостуваат и театри од Сараево, Белград и Ниш, како и четири претстави на театри од Македонија./крај/мф/бб

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија8 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ8 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија8 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија10 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија12 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ13 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија14 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија15 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија15 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија15 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија16 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија16 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија17 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија17 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија19 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ21 час

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија1 ден

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија1 ден

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...