Македонија
Али Ахмети до Цаноски: Татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде со СДСМ, затоа е уривањето на објектот
Сефер Цановски, синот на бизнисменот и сопственик на комплексот „Космос“, во сведочењето за случајот „ТНТ“ на СЈО рече дека ги молел бизнисменот Орце Камчев, кој му бил сосед, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да влијаат кај Никола Груевски да не се урива објектот.
„Прв комшија ми беше Орце Камчев. Го замолив да разговара со таа власт, ако може да не одат на најцрното сценарио. Некој ден потоа ми беше кажано дека тој е близок со Сашо Мијалков, а не со Никола Груевски“, кажа Цаноски.
Сведокот кажа дека и Али Ахмети бил запознат со уривањето и дека лично му кажал оти објектот ќе биде урнат бидејќи татко му ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
„Одговорот на Али Ахмети беше ‘пред да дојдеш јас се слушнав со Груевски. Уривањето е поради тоа што татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде со СДСМ, а не дојде во коалиција со ДУИ’“, му кажал Ахмети на Цаноски.
На последната средба Груевски му кажал на Цаноски: „Што бараше со СДСМ?“
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

