Македонија
(Видео) Арсовски: Синот на пратеничката Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ
Пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ си го вработила синот во ЕЛЕМ, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Според Арсовски, Виктор Стојчевски од денес почнал да оди на работа.
„Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше ‘хибернирани кретени по улиците на Скопје’ или бил најдобар кандидат оти мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или за отворањето измислени работни места за заменик-директори во јавните претпријатија“, прашува Арсовски.
Тој смета дека власта го скрила ова вработување потенцирајќи дека јавноста треба да знае дали синот на Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ.
„Уште за колку вработувања на синови, ќерки, браќа и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период? Во сите случаи на непотизам се работи за огромни плати и хонорари над просечните што ги земаат граѓаните“, додава Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во изминатиот период во ЕЛЕМ биле вработени децата на Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

