Македонија
Бектеши се договори со маркетите: Од среда 50 прехранбени производи ќе бидат најмалку 10 отсто поевтини

Речиси 50 прехранбени производи од среда следната недела треба да поевтинат најмалку 10 %, најави министерот за економија, Крешник Бектеши, по денешната срдба со претставници на осум најголеми ланци супермаркети во земјата. Намалените цени ќе ги контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) со зголемен капацитет.
„Владата ќе ја усвои одлуката на редовна седница, која ќе се одржи во вторник. Од среда ДПИ со зголемен капацитет ќе биде на терен и очекуваме намалување од минимум 10 % на одредени производи, кои ќе ги објавиме во текот на наредната недела. Се зборува за над 50 основни прехранбени производи. Референтна цена ќе биде една од цените од претходните месеци“, рече министерот Бектеши.
Претставниците на супермаркетите биле согласни за намалување на цените на основните прехранбени продукти, а министерот Бектеши очекува овој пример на соработка да го следат и другите сектори.
Министерството за економија подготвува и дополнителни мерки.
„Мерките ќе бидат и за дистрибутерите и за производителите, кои, најверојатно, утре ќе бидат викнати на состанок во Министерството за економија. Најважно од сè е дека потрошувачите во нашата држава нема да се чувствуваат измамени“, рече министерот Бектеши.
За дополнително намалување на цените, Бектеши вели дека до крајот на следната недела ќе биде изготвено и новото законско решение за нефер трговски практики, со кое ќе се укинат над 20 % од одредени давачки во синџирот на трговија, почнувајќи од производството, па сè до малопродажбата.
Следната недела Министерството за економија, освен одлуките за намалување на основните прехранбени производи, ќе направи измени и дополнувања на Законот за Државниот пазарен инспекторат и ќе ги зголеми ингеренциите на ДПИ за да може да постапат веднаш, без да мора да поминат одредени постапки имајќи предвид дека треба да бидат експедитивни.
Одлуката за намалување на цените на прехранбените производи доаѓа по неколкукратните изјави на владините претставници дека супермаркетите, однесувајќи се нефер и неетички, ги креваат цените на прехранбените производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.