Контакт

Македонија

(Видео) Беџети: Нема да ги легализираме платформите на Матка ама нема ни да ги уриваме

Објавено пред

Општина Сарај ќе ги одбие барањата за легализација на трите платформи на Матка, но сега нема да ги урива. Градоначалникот Блерим Беџети, вели дека ќе чека решенијата да станат правосилни, па дури тогаш ќе размислува за уривање.

„Барањето за легализација на едната платформа, онаа на која функционира ресторан, е веќе одбиено, но барателите поднесоа жалба. За другите две платформи барањата се уште не се одбиени, но нема да ги одобриме. Сите имаат право на жалба до второстепената комисија и за уривање мора да чекаме да заврши целосната правна процедура. Нашата идеја беше ако има простор правно да се најде целисходно решение за Матка, во кое и платформите би функционирале како урбана опрема“ рече градоначалникот Блерим Беџети.

Легализација на новата платформа побарал Исмаил Саиди, а барање за легализација на платформата на која веќе се изнајмуваат чамци, поднел Амет Саиди. Одбиеното барање е од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. За да ги испочитува сите процедури пред да се одлучи на уривање, Беџети рече дека може да поминат и месеци.

Според Беџети многу е побитен концептот за Матка, отколку да се носат избрзани одлуки без да се почитуваат процедурите. Тој тврди дека во Матка се вплеткани различни интереси, но не сакаше да каже чии. Нагласи дека имал интензивни состаноци со Град Скопје, со Инспекцискиот совет и со Државниот градежен инспекторат.

„Јас прв им укажав на институциите дека на Матка има не една туку три платформи, од кои дел се од поодамна и ги имаме како наследена состојба“ рече Беџети.

Според него, проблемот со Матка го актуелизирале инспектори од Град Скопје, кои без да ја известат општина Сарај, направиле увид на Матка и констатирале дека платформите се бесправни.

Истовремено со увидот, неофицијално Беџети вели дека имал разговори со градоначалникот на Скопје за формирање јавно претпријатие, кое што ќе се грижи за Матка, а градоначалникот Шилегов му соопштил дека и без согласност од Општината, град Скопје сепак ќе го формира претпријатието.

На разговорите Беџети пред сите надлежни институции нагласил дека треба да се води сметка за развојот на Матка, каде што доаѓаат многу странски туристи. Укажал дека барал да им се даде касарната од СФРЈ и да се уреди паркинг оти без паркинг не може да се уредува Матка. Сепак, како што рече, сите преговори биле неофицијални и останале без решение.

Беџети вели дека за Матка се воделе разговори и со претходната власт. Проблемот со Матка бил и на владина седница уште во времето на Никола Груевски. И тогаш се разговарало за донесување закон за Матка со кој ќе се стави ред во градењето во кањонот.

Министерството за житвотна средина минатата недела информираше дека законот за Матка е веќе изготвен, дека завршено е и зонирањето, кое треба да покаже во кој дел ќе може да се гради и што да се гради, како и дека законот е пред усвојување. Од Министерството не одговорија на прашањето од „Макфакс“, во кои ќе биде дозволено да се гради на Матка и што ќе може да се гради во заштитеното подрачје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мицкоски: Ниту анкетите напишани на Бихаќка нема да им помогнат, пирејот се буди

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Свети Николе порача дека на 15-ти јули граѓаните одлучуваат за иднината на нашата татковина.

„Одлуката овој пат е помеѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвиткана кичма или исправена кичма. Да не спомнувам какво предавство направија на сопствениот народ. Ветувајќи му подобра иднина. А денеска по скоро четири години мандат, Европската унија ги затвори вратите за граѓаните на Македонија. Ете таква перпектива овие луѓе можат да донесат и ја донесоа. А за пљачки да не зборам. Ќе почнам од нивниот генералниот секретар, па ќе завршам со куферчето Луј Витон кое заврши во Обвинителтвото кое веќе не постои. Затоа овде јасно и гласно да се разбереме. Секој оној кој ќе заокружи за Љупчо Николовски, слугата на Зоран Заев, директно заокружува за уништување на Македонија. Затоа на 15-ти јули јас чувствувам голема енергија, го чувствувам пирејот како се буди во секој еден, без разлика на етничката и верска различност, голема победа се случува. Голема победа ќе се случи на Коалицијата за обнова предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ниту оние анкети напишани на Бихаќка нема да им помогнат“, кажа Мицкоски.

Не може да правиме држава, додаде тој, без да има одговорност.

„Затоа мора секој од политичарите да докаже како го стекнал својот имот, своите автомобили. Неможам да се помирам со фактот кој што го видов додека го посетував секој греад секое село. Тага во очите кај народот. Тага и болка во градите. А разочарување се изговара од устата. Затоа што секој се чувствува изневерен, излажан. Па, луѓето велат сите политичари се исти. Не сме исти. Заврши времето на СДСМ политичарите – елитисти, завалени во кожни фотељи кои газат по дебели црвени персиски килими. Овие политичари ќе го следат принципот на народот. И овдека заедно со народот ќе си ја обновуваат Македонија. Ние не сме СДСМ па да владееме со народот, туку заедно со народот ќе ја обновуваме татковината. Тоа треба на сите да им е јасно. А оние кои владеева во минатото и се богатеа на грбот на народот и се огрешиле пред законите, одговорност ќе има. Од 16-ти јули започнуваме веднаш со лоцирање на одговорноста“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев од Гостивар: 11 години ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не водеа грижа за народот

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев, вечерва се обрати на граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа во Гостивар.

„Сега ги гледате, дојдоа изборите и повторно ДУИ и ВМРО=ДПМНЕ со национализам. Зошто ДУИ 12 години не го донесе Законот за јазици, се плашеа за рејтингот и кариерата? Но, дојдовме ние и го решивме прашањето. Ги лажеа граѓаните дека сите ќе изгубиме, но дали е така? Не. Добивме сите, секој има право да комуницира на својот мајчин јазик. Имавме храброст за сите одлуки што ги донесовме. Иако имавме 49 пратеници, сепак формиравме влада, но имавме многу пати и 80 пратеници за важните закони. Денес ги исполнивме стратешките цели и сега партиите не може да ветуваат НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа. И зошто 12 години во време на режимот  не се случуваше ова? Затоа што сите се грижеа за себе и својата партија, наместо за народот и државата“, кажа Заев.

Тој во своето обраќање зборуваше за политичките опоненти ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за кои рече дека немаат донесено ниту една храбра одлука за граѓаните и поради тоа коалицијата „Можеме“ силно победува во шестката.

„Оваа коалиција ќе победи. Во шестката ќе го победиме ДУИ, Алијансата на Албанците, а од ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме двојно повеќе пратеници во оваа изборна единица. Го слушам ДУИ сака Албанец за премиер. Не можат да ни продаваат такви филмови нам. Тие не се борат за народот, се борат за власт и пари. Не може никој толку години да биде власт, навлегуваат во институциите и го узурпираат системот. Нека знаат дека сега нема НАТО, ЕУ, Грција, Бугарија, сега имаме работа дома. Ги имаме сите фронтови отворени пред нас, треба да се биде економски патриот. Вистински патриот е тој што зголемува плати, што вработува млади, што им дава пари на граѓаните наместо да им ги краде, сите други се кукавици кои се кријат зад национализмот. На светот му се случува четврта индустриска револуција, а ние не можеме да живееме во 19 или 20 век“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче на средба со медицинските работници во Струга и Струшко: Целосна подготовка на регионот за есен

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево во Струга оствари средба со докторите и медицинските сестри од Општата болница, Заводот за нефрологија, Здравствениот дом, претставници на матичните лекари од Струшкиот Регион, пред сè од селото Лабуништа, како и со здравствени работници од Здравствениот дом во Вевчани. На средбата тие разговараа за начинот на којшто се справуваат со светската здравствена криза предизвикана од Ковид-19.

– Целосно е реорганизирана болницата. Интернистите се целосно ангажирани во третманот на пациентите со коронавирус, кои се во секојдневна координација со болницата во Охрид каде се препраќаат пациенти во оној момент кога е тоа потребно. Во исто време разговаравме и за тоа како да се спремиме за есенските месеци кога  се очекува нов силен бран во целиот свет. Се очекува зголемување на бројот на пациенти, заболени од коронавирусот, но и од сезонски грип, тогаш  луѓето ќе бидат во затворени простории, блиските респираторни контакти ќе бидат многу почести и пофреквентни,  што значајно го зголемува ризикот за трансмисија. Разговаравме за ангажирање на дополнителен број млади лекари кои сега завршуваат, медицински сестри кои исто така завршиле во средномедицинските училишта изминатиот период – надградување на капацитетите за тестирање. И во таа смисла целиот овој регион да биде спремен за соочување со нов бран, истакна министерот Филипче.

Тој се заблагодари и им честиташе на сите здравствени работници – лекари, медицински сестри кои херојски и пожртвувано работат со ковид-пациентите.

„Тие одлично ја менаџираат кризата и со тоа покажаа и докажаа дека се столбот на здравствениот систем, а здравствениот систем столб на нашата држава“, кажа министерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион12 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија13 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион15 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија15 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија16 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија16 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија16 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет18 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија18 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет20 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион21 час

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија21 час

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет22 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет22 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија1 ден

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија1 ден

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет1 ден

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион1 ден

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија2 дена

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Досие