Контакт

Македонија

Бошњаковски: Сите засегнати институции ќе постапат по пријавата од пратеникот Богоевски

Објавено пред

Сите засегнати институции ќе постапат по пријавата на пратеникот Павле Богоевски, најави денес портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Како Влада, Бошњаковски рече дека нема да се изјаснат за однесувањето на пратеникот.

„Владата во минатото секогаш се изјаснувала кога се случувале настани со именувани функционери од Владата во однос на нивната одговорност во одредени настани коишто се случиле. Во овој случај, имајќи предвид дека се работи за пратеник, којшто е дел од законодавната власт, сметаме дека овој одговор потребно е да го дадат во Собранието. Инаку, конкретно по однос на поднесената пријава од пратеникот,  можеме да кажеме дека сите засегнати институции ќе постапат според прописот со цел расветлување на случајот, особено снимањето, емитувањето на материјалот што е забранет, како и за самоиницијативно поднесената пријава од страна на пратеникот Павле Богоевски“, рече портпаролот Бошњаковски.

Вчера попладне, по објавата на снимката со наслов „Пајо нарачува кокаин“,  пратеникот Павле Богоевски сам се пријавил во Полициската станица Центар оти нарачувал канабис, а поднел пријава и против непознат сторител за нелегално снимање и емитување на снимката.

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со аудио доказ дека Шилегов и Начевски планираат купување на три нови џипа

Објавено пред

Лагата излегува на површина. Коста Начевски директор на Дрисла, поставен од Петре Шилегов брутално вчера ја излажа јавноста дека не планира купување на луксузен џип за своите потреби како директор, обвини Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Еве и доказ и признание за тоа. На он лајн седницата на совет на град Скопје претставникот испратен од Начевски и Дрисла, Дијана Велјаноска Живановиќ изјави: да се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот” затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има.

Во прилог доставуваме и аудио снимка од нејзиното обраќање и признание во отворениот дел од седницата. Ова аудио снимка е доказ за ненормалната ситуација и забеганоста на Шилегов.

Лажовот Шилегов и манипулаторот Начевски се фатени во лага, и треба да и се извинат на јавноста.

Но она што е многу поважно, тоа е да ја стопираат одлуката за купување на џипови за луксузирање на Шилегов и Начевски.
Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови“ додаваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре може да се продолжуваат жителските кориснички договори во куќарките на ПОЦ

Објавено пред

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје донесе нова интерна процедура за издавање на договори за користење на јавното паркиралиште со наплата и издавање на повластена паркинг карта со цел да им овозможи на жителите побрз начин за вадење на кориснички договори и полесен пристап до услугите на претпријатието.

Од 02 јуни (вторник), жителите ќе можат 24/7 да склучат/продолжат кориснички договор на 7 локации на територија на Општина Центар: куќарката на затвореното паркиралиште „Дом на Градежници“, куќарката на затвореното паркиралиште „Трготекстил“, куќарката на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“, куќарката на затвореното паркиралиште „Палома Бјанка“, депото на службата „Пајак“ и пунктот за наплата во катната гаража „Судска палата“. Седмата локација ќе биде на новото затворено паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец кое ќе се отвори наскоро.

Потребни документи кои ќе треба да се достават при склучување на договор за користење на повластена паркинг карта за жител (ПКЖ) се: копија од лична карта и копија од сообраќајна дозвола; додека потребни документи за повластена паркинг карта за жител со службено возило (ПКЖС) се: копија од лична карта, копија од сообраќајна дозвола, ППК 1 образец за користење на службено возило за приватни цели, копија од М1/М2 образец и тековна состојба од деловен субјект не постара од 6 месеци.

Корисниците и понатаму преку новата веб платформа ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман. Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Парична казна за охриѓанка, не ја почитувала мерката за домашна изолација

Објавено пред

Парична казна од 2.000 евра бара обвинителството за охриѓанка која ја прекршила мерката за задолжителна домашна изолација.

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлог за издавање казнен налог против 45-годишна охриѓанка, која не постапила според решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со кое ѝ била определена задолжителна домашна изолација со датум на започнување од 15 мај.

При проверка од надлежните органи, на 17 мај, обвинетата не била затекната во домот.

„Обвинетата со своите дејствија го извршила кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното, обвинителството му предложи на судот на обвинетата да ѝ изрече парична казна од 100 дневни глоби, со определување на секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија19 минути

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија28 минути

Спасовски се тестирал за коронавирус и чека препораки од епидемиолозите за изолација

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, утрово направил тестирање за коронавирус и ги чека резултатите, а во меѓувреме чека насоки и препораки...

Македонија44 минути

Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Македонија2 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија2 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија3 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија4 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија4 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија4 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет5 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет5 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет16 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија18 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија21 час

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт22 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија22 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија22 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија23 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија23 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија23 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Досие