Македонија
Варошлија: Одморот беше планиран од пролетта и секој сам си го плати
Ексвработениот во „1ТВ“, Сергеј Варошлија, кој беше присутен и при апсењето на Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, на денешното рочиште раскажа дека ги видел осудениот Зоран Милески-Кичеец во придружба на Ана Камчева во седиштето на поранешната „1 ТВ“. Вторпат Камчева и Кичеец ги видел во домот на Јовановски кога се разминале додека тој заминувал, а тие доаѓале во Орман.
„Не носеа ништо“, рече Варошлија одговарајќи на прашање од адвокатот на Сашо Дуковски дали со нив имале ташна или несесер.
Тој во сведочењето напомена дека никогаш не ја видел поранешната специјална јавна обвинителка, а сега второобвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, во домот на Јовановски.
За денот на апсењето, Варошлија рече дека тој, новинарката Анета Кочишки и водителката Лила Филиповска требало да одат на одмор. Според него, одморот бил планиран од пролетта, што значи дека Јовановски не планирал да бега. Утрото, тие отишле во домот на Јовановски. Кога стигнале на границата, на пасошката контрола, Јовановски го тргнале настрана, нам ни кажаа дека можеме да си одиме, а тој да остане таму.
„Правеа претрес. Беа одземени мои работи, чевли, чанти. Мислеа дека сè што е брендирано е на Бојан. Одморот секој сам си го плати“, раскажа Варошлија.
Според сведочењето на Варошлија, осудениот Зоран Милески-Кичеец во кафуле ги честел за еден од своите родендени бидејќи требало да го слави во домот на бизнисменот Орце Камчев, кој го пријави случајот „Рекет“. Честењето било во кафуле бидејќи првоосомничениот Јовановски не сакал да оди таму.
Прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственичка на оптика и имала соработка, односно се познавала и патувала со обвинетиот. Таа рече дека се познавала со него и тоа многу ѝ помогнало бидејќи познанствата на Јовановски ѝ носеле нови клиенти. Таа пред судот рече дека со Јованвоски била и пет дена на одмор во Грција, но сè сама си платила.
„Сама си ги плаќав патувањата, освен кога сме патувале со автомобил“, рече Јанковска.
На прашањето од адвокатот Сашо Дуковски дали Јовановски добивал нешто при патувањата и средбите во странство, сведокот Јанковска рече дека се случувало модните брендови да им подарат на инфуленсерите нешто што треба да излезе следната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција
Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино.
„Денеска предметниот јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор“, соопшти Обвинителството.
Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Македонија
Се зголемуваат цените на бензините и дизелот
Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,854 денари за килограм и сега ќе изнесува 32,987 денари за килограм.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Филипче да одговори дали има кредибилитет да води партија?
Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница Жан Митрев. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување. Дополнително, според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев. Класична уцена и класична злоупотреба на власта. Овие обвинувања не доаѓаат изолирано. Тие се надоврзуваат на долгата низа сомнежи и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции. Филипче денес се обидува да се претстави како ново лице, но ја седи фотелјата на Заев и ги спроведува истите политики. Истите луѓе, истите шеми, истата злоупотреба“, рече тој.
Според Петрушевски, прашањето е едноставно, а Филипче треба да го одговори – дали човек со ваков багаж на сомнежи и скандали може да има кредибилитет да води партија?
„Наместо повлекување и одговорност, гледаме ароганција и молк. Затоа правдата мора да зборува.Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи. Законот мора да важи за сите“, рече тој.

