Македонија
(Видео) Арсовски: Странски медиуми известуваат за милионски имоти на Заеви додека Македонија тоне во сиромаштија
Луксузирањето на власта и функционерите од СДСМ не може никако да биде игнорирано, и не смее да биде игнорирано. Државата наместо по успех, во регионот, за жал, ни е актуелна и позната по скандалите на Зоран Заев и неговата Влада, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Странски медиуми вчера известија дека блиски луѓе од семејството на Зоран Заев поседуваат нова луксузна вила на Халкидики, далеку поголема и полуксузна од онаа што ја знае јавноста. Ние не чувме никаков демант од семејството Заеви, дека никој од семејството Заеви не поседува ваков луксузен имот кој чини неколку милиони евра.
Јавно прашуваме, дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости во оваа вила на Халкидики?
Имено, странски медиуми објавија слики и тврдења дека семејството Заеви преку блиски луѓе на Зоран Заев од неодамна ја поседува оваа нова вила на грчкото крајбрежје, далеку од очите на јавноста. Истите медиуми кои разговарале со мештаните, тврдат дека Заеви се чести гости во истата вила.
Заев тврдеше дека сè што тој и неговото семејство поседуваат е тука, во Македонија, но, по сè изгледа, тоа не е така. Тоа е реалноста кај семејството Заеви, луксуз, скапи вили во странство и безгрижен живот, додека, пак, од друга страна обичниот граѓанин нема основни средства да купи компјутери и ИТ-уреди за своите деца и учениците немаат услови да се едуцираат во корона-пандемијата.
Уште колку луксузен имот на фамилијата Заеви може да испадне на виделина? Дали Заеви поседуваат и други луксузни хациенди или згради ширум Европа? Како се стекнуваат овие луксузни имоти од страна на Заеви во услови кога македонската економија тоне од ден во ден со оваа мафија на власт?
Дали додека народот осиромашува мафијата се богати на негов грб и се стекнува со имот надвор од Македонија? За жал, ова е тажната вистина за Република Македонија. Ултра богата власт и енормно сиромашен народ и држава“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

