Македонија
(Видео) Каевски: Во Брисел се потврди дека единствен кочничар е анти-ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левицата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Screenshot-2023-12-15-123658.jpg)
Граѓаните и конкретно се уверија. Иако целосно успешно го завршивме процесот на скрининг во изминатата година, иако постои подготвеност за проширување на ЕУ, иако нема нови услови за нас, поради блокадата на ДПМНЕ и Левицата во македонското Собрание, земјата не го продолжи отворањето на поглавјата, истакна на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.
„Можеше нашата татковина и сите нејзини граѓани да бидат најголеми победници, да продолжиме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ. Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија. Oд партија поддржувач на евроатлантските интеграции Мицкоски ја претвори ДПМНЕ во најголем кочничар на нашите интеграции. ДПМНЕ како политичка партија целосно ја загуби есенцијата на своето постоење, ја загуби ориентацијата и се сврти кон проблематични проруски идеологии“, рече тој.
Според него, со ДПМНЕ и Левицата нема ЕУ, има изолација, неизвесност и стагнација.
Оценува дека покрај деструкциите на Мицкоски и на ДПМНЕ натамошна поддршка од европските лидери за трасираниот пат на Македонија кон Унијата е силна.
„Тоа е многу јасно наведено и во заклучоците на ЕУ.
Граѓаните ова ќе го имаат на ум за изборите. Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ќе биде поразена.
Победата на европскиот фронт ќе значи продолжување на европскиот пат и членство во ЕУ до 2030 година.
Македонската иднина е европска и тоа е можно само со СДСМ.
За подобар достоинствен живот дома, со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, повеќе работни места, подобар животен стандард“, потенцира Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.