Контакт

Македонија

(Видео) Караница Бачев-Василевски: Како не ти е срам гомнар еден, копиле едно, ја продадовте државата

Објавено пред

За време на протестот пред домот на Сашо Василевски, додека Јанко Бачев му го доставуваше писмото со барањата, дојде до кратка караница. Бачев му се обрати на Василески со зборовите „како не ти е срам бе гомнар еден“, откако пратеникот рече дека тој дошол да протестира за да си ја сработи дневницата.

„Како не ти е срам бе, шипион еден. Народен пратеник. Со колку те купија, шипион еден? Како не ти е срам? Копиле едно, ја предадовте државата. Знаете што ве чека? Истополови бракови, хомосексуализам, посвојување на деца од истополови бракови. Вршиш злосторство. Како не ти е срам? Да ви е*бам педерите, да ви е*бам“, му рече Бачев на Василевски.

„И тие се луѓе. Не вреѓајте. Мавтај си го знамето“, му врати Василевски на Бачев, а по ова, Бачев му врати „мафтај го ти шиптарското, мафтај таму со педерите, да ви е*ам либералните вредности“.

Бачев кој беше предводник на протестите и му достави писмо на пратеникот Василевски му рече дека амандманите, односно четирите услови кои независната пратеничка група ги достави до Влада, биле пишувани во СДСМ.

Македонија

Почна есенската акција за зазеленување на Скопје

Објавено пред

Градот Скопје ја почна есенската акција за зазеленување на градот во чии рамки ќе бидат засадени 3 500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.

„Оваа есен приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во градот и подигање нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки (остаток од пресечено или паднато дрво), истите ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници. Најголем број од пенушките коишто ќе бидат заменети се на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, каде што ќе бидат заменети вкупно 49“, стои во соопшението на Град Скопје.

Како дел од заложбите на градот за зазеленување на Скопје и зголемување на бројот на нови дрвја на јавните површини, оваа акција ќе влијае на подобрување на животната средина и ќе придонесе за зачувување на здравјето на граѓаните, велат оттаму. Во соопштението се додава дека градот исто така, посветено работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина со цел да се надомест изгубеното зеленило, да се зголемат парковите и дрворедите и да ги заштити сите јавни зелени површини во сите општини во градот.

Оваа есенска акција Градот Скопје ќе ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа ќе учествуваат со свои работници, механизација и садници, тои во соопштението.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието алармира за енормното загадување на воздухот

Објавено пред

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ денеска во Собранието на РМ поднесоа Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во земјава, соопшти Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при неговото обраќање во прес-центарот на Собранието.

Покрај оваа инофрмација, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат да се одржи и јавна распава во Комисијата за транспорт, врски и екологија во врска со енормното загадување, каде што ќе бидат повикани, граѓански здруженија, еколошки здруженија, експерти и сите останати кои што можат да придонесат за да се спречи влошување на состојбата.

Мицевски истакна дека загадувањето на воздухот во Република Македонија руши рекорди како никогаш досега.

„Благодарение на актуелната власт, Македонија и официјално стана држава со најзагаден воздух во Европа. Оваа власт на чело со СДСМ и нивните функционери кога беа во опозиција ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето низ низа мерки и проекти. Но, излажаа. Не само што не го подобрија квалитетот на воздух, туку напротив загадувањето на воздухот руши рекорди. Очигледно е дека СДСМ загадувањето го користеше само за политички поени и дека во ниту еден момент не помислија да се прават со оваа ситуација“, рече тој.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ситуацијата со енормното загадување на амбиентниот воздух е алармантна и како што рече, се доведува во прашање здравјето на граѓаните.

„Загрижувачки се податоците на Европската агенција за животна средина која во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот, истакнува дека повеќе од 3.000 лица во Македонија годишно умираат како резултат на загадениот воздух. Во истиот тој извештај Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и е во врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител“, истакна Мицевски.

Според него, власта покрај тоа што ништо не прави за да го реши проблемот со загадувањето, пробува преку исклучување на мерните станици низ државата истото да го сокрие од граѓаните.

„СДСМ мора барем еднаш да понесе одговорност и барем еднаш да покаже дека искрено се грижи за граѓаните бидејќи сега се власт и можат да реализираат се што ветуваа за подобрување на воздухот, а не да се молат да дувне ветар или да заврне дожд за да го тргне смогот што граѓаните секојдневно го дишат“, посочи тој.

Мицевски подвлече дека како пратеници во Собранието избрани од граѓаните, имаат обврска да алармираат за ваквата состојба, поради што се решиле да поднесат Информација за енормното загадување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Објавено пред

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај 2012-та година примената е посебна истражна мерка „Увид и пребарување во компјутерските системи на повеќе од 20 лица“, помеѓу кои и обвинетите во случајот Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами и Фејзи Азири.

Со оваа мерка вештаците од МВР требало да ја утврдат интернет комуникацијата на овие лица, поврзана со петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

На денешното рочиште за „Монструм“ вештаците не кажаа обвинетите со кого разговарале и во кој период, појаснувајќи дека тие не се надлежни за детална анализа на содржината на пораките. Судијата Огнен Ставрев истакна дека судот ги поседува комуникациите и дека најверојатно ќе бидат презентирани во некои од наредните рочишта.

,,Содржините не се во надлежност на овие вешти лица, туку на друга дополнителна обработка која ќе биде презентирана и искористена во судот. Постојат цедиња за тоа, посебен програм и упатство за гледање и проверување што значи дека она што највеќе не интересира сите нас дополнително ќе биде, а тоа е содржината, времето и комуникацијата која што била помеѓу конкретни лица”, изјави адвокатката на оштетените Дафинка Ивановска.

Наредното рочиште е закажано за 10. декември кога свој исказ ќе дадат вештаците од судската медицина заедно со вештаците за балистика од МВР, кога ќе бидат образложени повредите кои им биле нанесени на петмината убиени кај Смилковско езеро.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај...

Европа2 часа

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Македонија2 часа

Анѓушев, наместо Заев, на работниот појадок кај Курц

Во Виена почна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На местото на...

Регион2 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија2 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија3 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија4 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија5 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија16 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт16 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа19 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести20 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија21 час

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет22 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија23 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Досие