Контакт

Македонија

(Видео) „Јадам леб и шеќер за да има за децата“, четиричлено семејство преживува со 5 илјади месечно

Објавено пред

Трајче Конески и Моника Антевска, невенчани родители на 9-годишниот Бојан и 17-месечната Величе, секојдневно водат борба за егзистенција. На 38-годишниот Трајче пред 5 години му се дијагностицирани дископатија и дискусхернија, но принуден е да работи 14 часа на ден за да донесе парче леб за своето семејство. Конески работи во градежна фирма каде што зема минимална плата од 12 илјади од кои 7 веднаш му ги одземаат извршителите и банките, па така  ова четиричлено семејство се бори за живот со 5 илјади денари месечно.

dobivaj vesti na viber

„На работа сум 14 часа, јадам леб и шеќер за да остане за нив. Излегувам дома во 15 часот, се враќам  утрото во 8 часот. Третиот и четвртиот прешлен ми се набиени, а главниот нерв за цела десна страна ми е заглавен помеѓу прешлените. Доколку ногата малку повеќе ја оптоварам, ми се укочува цела десна страна и тоа трае цел час, не можам да се движам“, вели низ солзи Конески.

9 –годишниот Бојан, пак, исто така е дијагностициран откако, по совет на педагогот од основното училиште каде што учи, неговиот татко Трајче го однел во Домот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“. „Детето исто го носиме по болници, од училиштето го пратија во Заводот за ментално здравје на деца и младинци, има заостаток во развојот на мозокот, не може многу да памти, брзо заборава“.

Бојан секој ден петчасовната наставата ја слуша со празен стомак бидејќи неговите родители не се во можност да му обезбедат пари за пристојна ужина. „Дете како дете, си бара, треба да му дадеш пари барем за ѓеврек. Еве овие денови наутро до 12 часот е само на смоки. Сакам да му пружам повеќе, но, за жал, не можам“, вели Моника.

Условите во кои живее ова четиричлено семејство се катастрофални, куќата тукушто не паднала, а долниот кат, каде не живеат, како и поткровјето се полни со стаорци од кои понекогаш не можат ниту да заспијат.

„Куќата е целата во распаѓање, има глувци и стаорци, од нив не можеме да избегаме, навечер не можеме да спиеме од вревата што ја прават околу нас на кровот и на првиот кат. Ѕидовите се испукани, треба да се реновира, но нема пари. Едниот ѕид е оштетен од земјотресот и може да падне, а ако се случи тоа, целата куќа ќе се сруши“, вели Конески.

Ова семејство живее без социјална помош, мајката на Бојан и Величе, Моника Антевска, вели дека се обратиле до социјалните служби од каде добиле одговор дека не можат да земат социјална помош поради тоа што не се венчани со Трајче, а другата документација  Моника не може да ја набави поради финансиската состојба во која се наоѓаат. Во колку тешка состојба се наоѓа ова семејство покажува и фактот што немаат доволно храна за целиот месец, а немаат ниту средства за лична хигиена.

„За храна нема доволно во месецот, имаме храна само за една недела, потоа се снаоѓаме, јадеме што ќе најдеме.  Средства за лична хигиена немаме, со 5 илјади што попрво да се купи. Треба и сметките да ги платиме. Социјално не можам да земам бидејќи не сме венчани со Трајче и личната карта ми е на адреса во Куманово, а не во Скопје. Процедурата е голема, треба да се вади извод и други документи, а немам средства тоа да го направам“, вели Антевска.

Покрај секојдневните проблеми, на  Антевска дополнителна тешкотија ѝ прави чирот на желудникот, кој го има подолг период. Таа била на доктор за ова од каде ѝ биле дадени одредени лекарства кои воопшто не ѝ се од помош. „Бев на лекар, но не ми помогнаа ништо,  пробав многу лекарства, но не беа од помош. Болката сè уште е присутна, секој ден ме боли, некогаш и крв плукам. Што ќе се прави понатаму, не знам“, вели Антевска.

17-месечната Величе и 9-годишниот Бојан заедно со своите родители ги повикуваат сите добронамерни и хумани луѓе да им помогнат без разлика дали со финансиски или материјални средства, бидејќи секоја помош е добредојдена.

Жиро сметка: 250015000332990, Трајче Конески, Шпаркасе банка.

 

Македонија

ЦУК: 1.764 повици на бројот за итни случаи 112 во последното деноноќие

Објавено пред

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 764 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 52,44%, а 47,56% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,93%, кон Итната медицинска помош 33,59%, а кон пожарникарите 2,32% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 842 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,16%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(47,56%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

dobivaj vesti na viber

Во последното деноноќие немаше евидентирани пожари на отворен простор. Имало само урбани.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Објавено пред

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Вооружени насилници на 27 април 2017 година, поттикнати од ДПМНЕ, упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во парламентот, да го загрозат уставниот поредок, ја доведоа државата пред амбис, на раб на граѓанска војна. Сеќавањата на крвавите лица на пратениците, нападнати со шипки и столици, влечењето за коса, дивеењето на насилниците, кои кршеа и уништуваа се пред себе во храмот на демократијата, се свежи и по седум години. Насилниците поддршка имаа и од Христијан Мицкоски, кој тој ден беше пред македонското собрание. Наместо извинување и осуда, Мицкоски стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток“, пишуваат од партијата.

„Ништо не е сменето во ДПМНЕ. Тоа е истата партија која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори. Со глас за СДСМ и Коалицијата на 8 мај граѓаните гласаат за слобода, демократија и европски вредности“, се вели во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови со услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд

Објавено пред

Времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотарен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен.

Од недела следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет15 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија18 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија18 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ21 час

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија22 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет23 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет24 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет1 ден

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 ден

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 ден

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија2 дена

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија2 дена

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...