Контакт

Македонија

(Видео) Џафери чека известување за нова пратеничка група

Објавено пред

Во однос на најавата и можноста за нова пратеничка група од осумте пратеници од опозицијата што ги поддржаа уставните измени, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека Деловникот го дозволува тоа, но тие сè уште не доставиле известување до него како ќе постапат.

– Тие имаат право според Деловникот за работа на Собранието имајќи предвид дека се отцепиле од коалицијата и одлуката на партијата да ги исклучи и, според Деловникот, може да се самоорганизираат имајќи предвид дека се повеќе од пет. Но, од формален аспект треба индивидуално и формално да се изјаснат за својот статус, дека не се дел од коалицијата и потоа со нов акт да ме известат за да може да формираат пратеничка група. Кога и да се изјаснат, нема временска дистанца да го направат тоа – рече Џафери.

Седумтемина пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека до крајот на неделата ќе кажат дали ќе дејствуваат како независни или ќе формираат нова пратеничка група. Засега ја отфрлаат можноста да се приклучат кон друга пратеничка група. Неизвесно е дали на Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Зекир Рамчиловиќ, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, ќе им се приклучи и пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ, која ги поддржа уставните измени за разлика од своите сопартијци, кои гласаа против.

Македонија

Полициски синдикат: Нападот врз полицајци е напад и врз државата, мора да се заострат казните

Објавено пред

Македонскиот полициски синдикат, најостро го осудува вчерашниот настан, кога група дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници кај селото Степанци, во општина Чашка, при што со полициските службеници се здобиле со повреди.

„Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи и сериозно се залага за тоа да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системски недостатоци, во контекст на отстранување на недостатоци во системот на заштита на нашите колеги“, се наведува во соопштението.

Од полицискиот синдикат велат дека трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат работните обврски и задачи, спроведувајќи го законот, мора да запре.

„Стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник, односно било какво девијантно однесување кон пред луѓето, кои секојдневно се грижат за безбедноста, редот и мирот во нашата држава, на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македионија“, стои во соопштението.

Од синдикатот воедно ги повикуваат правосудните органи да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок, а притоа паралелно да се заостри казнената политика, со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници.

Преку соопштението исто така се охрабруваат полициските службеници да ги пријават сите вербални или физички напади врз нив и да не потклекнуваат на било какви притисоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стефановски: Заев троши милиони за кондоми во услови на криза

Објавено пред

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари, немаат ниту за леб, а Заев дава неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, рече денеска во изјава за медиуми Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Набавка на 187.000 кондоми и 50.000 лубриканти на државна сметка во време на огромна сиромаштија и страшна пандемија е класично расипништво и расфрлање со нашите пари. Владата ќе потроши неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, а нема ниту денар за компјутери или брз интернет за децата кои ќе мора наставата да ја следат од дома, а кои дел од нив немаат за компјутери, а дел немаат брз интернет. Но секако тоа не е важно за власта, бидејќи изборите поминаа, а со тоа и потребата да се покаже грижа за народот исто така“, истакна претставникот од подмладокот на партијата.

Според него, Владата е расипничка и воопшто не се грижи за учениците, студентите и граѓаните воопшто.

„40.000 наши сограѓани останаа без работа поради пандемијата од коронавирусот и неспособноста на власта да ги зачува нивните работни места. Тоа се 40.000 граѓани, односно наши родители, браќа, сестри, познаници. Во Македонија имаме 17 илјади заболени од коронавирусот до сега, во ек на пандемија фалеа маски, ракавици и дезинфициенси, а немаше ниту тестови па се примаа донации, а владата дава милиони за кондоми и лубриканти“, обвини Стефановски и порача дека лудилото мора да запре.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ

Објавено пред

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“, што вчеравечер се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар, градоначалникот Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на овој култен објект во Скопје.

„ Фестивалот ‘Синедејс’ не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година. Заеднички, вие како покровител, а јас како реализатор, да отвориме еден нов културен простор како што е покривот каде што вечерва се наоѓаме“ – рече градоначалникот Шилегов.
Тој изрази убедување дека Градот Скопје ја оправдува довербата на граѓаните кога е во прашање културниот живот во Скопје.

„Верувам и дека за неколку години од сега со гордост ќе ја носиме титулата Европска престолнина на културата. Особено ми е драго што вечерва се наоѓаме на покривот на култниот објект во нашиот град – Градскиот трговски центар, кој не само што успеавме да го сочуваме од барокното лудило, туку успеавме и да го зазелениме, повторно да го заживееме, а згора на тоа и да го отвориме овој простор за нови културни настани“– додаде Шилегов.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија45 минути

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија1 час

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион1 час

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Свет2 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет2 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет2 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија2 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион3 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет17 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ18 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа19 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија20 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија21 час

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет21 час

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија23 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија23 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија24 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет24 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Досие