Македонија
„Вие сте вистински патриоти“, Петровска до новите потпоручници од 32. класа на Воената академија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/Слика_07.jpeg)
Денеска, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, присуствуваше и им се обрати на новите потпоручници во Армијата, кои го завршија военото образование како дел од 32. класа на Академијата.
Министерката пред присутните порача дека новите потпоручници преку четиригодишната едукација организирана во согласност со принципите на военото образование на НАТО се стекнаа со знаења и вештини вредни за офицери на алијансата и дека тие се вистински патриоти, кои одлучиле својата работна кариера да ја посветат на заштитата на граѓаните и татковината.
„Вие сте вистинските патриоти, вие што сте решиле својата работна кариера да ја посветите на заштитата на своите граѓани и многу повеќе од тоа – активно да се вклучите на системот на колективната одбрана и безбедноста на НАТО како офицери на земји членки и партнерски земји на алијансата“, рече министерката.
Петровска додаде дека како и во периодот на учење, така и во Армијата, потпоручниците ќе бидат водени од професионалци со огромно искуство и знаење, кои се подготвени тоа да го споделат со нив.
„Станувате дел од најреномираната институција во нашата држава и затоа продолжете со вашиот мотив и енергија стекнатата доверба кај граѓаните континуирано да ја одржувате. Министерството за одбрана заедно со Генералштабот секогаш ќе бидат вашата силна поддршка и секогаш ќе бидат тука за вас, како за вашиот натамошен развој во кариерата така и за континуирано унапредување на стандардите и опременоста на Армијата“, истакна министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.