Македонија
(Видео) И покрај жестоките обиди демонстрантите не го пробија кордонот, полицијата во акција за потиснување
Јајца, балони со вода, канти за ѓубре и пластични столчиња летаа кон полицајците пред „Мавровка“ во нов обид демонстрантите да го пробијат полицискиот кордон.
Од задните редови на толпата, во еден момент излезе нова група лица со фантомки и жестоко удри врз полицијата. Освен што маваа со што стигнат, се фрлаa и со цело тело во полициските штитови, но не успеаја да го пробијат кордонот.
Една група демонстранти, пак, се обидуваше да ги смири оние што беа најагресивни. Додека лицата со фантоми навалуваа по полицијата, организаторите викаа по нив „оставете ја полицијата, не е виновна за ништо“.

Обидот за пробивање на кордонот не беше успешен, a полицијата во меѓувреме ги консолидираше своите редови и почна да ја потиснува толпата во правец кон Бит-пазар. Кордонот, кој го следеа и неколку оклопни возила, ја принудија разбеснетата толпа да се врати назад.

На демонстраните не им е дозволен пристап кон судовите, кои беа нивна првична цел, а на местото на настанот може да се забележат и екипи на брзата помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

