Македонија
„Вреди“ најави финансирање на Албанска академија за наука и уметност во Македонија
Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа.
„На почеток оваа академија ќе биде поддржана од општините. Во меѓувреме сè додека не најдеме законски решение таа да функционира во согласно законот и поддржана финансиски од буџетот, односно од јавните пари. Ова е еден чекор за да покажеме дека Албанците како важен дел на оваа држава можат да придонесат и во науката, може да придонесат и во уметноста и во сите области на ова општество затоа што цениме дека како втор поголема народ во државата имаме интелектуални капацитети за да основаме академија која ќе придонесе во сите овие области за кои ќе биде основана“, изјави Биљал Касами, претседател на Движење Беса во име на коалицијата „Вреди“.
Зеќир Кадриу, секретар на Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово рече дека оваа е нивна втора средба со коалицијата „Вреди“ која донела конкретни решенија.
„Ние се чувствуваме многу горди што првиот чекор беше порано, а сега е и втор пат. По основање на Владата веќе почнуваме да го реализираме тоа што е предвидено што е ставено во програма. Во почетокот сите општини што се во расположение да помогнат, ќе помогнат за основање на оваа Академија, а понатаму, кога ќе се донесе закон тој закон ќе биде правосилен и ќе може понатаму да авансираме академија, што навистина мислам дека Албанците во Република Северна Македонија заслужуваат“, истакна Кадриу.
Здружението бара да добие јавен простор и јавни финансии за научно – истражувачка работа во сферата на албанологијата, културата и посебностите на Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро појава на магла, преку денот сончево време
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури ќе бидат пониски.
Скопје
Без струја дел од Аеродром
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, без ел. енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 08,00ч до 12,00ч дел од Бул. Јане Сандански околу б/п Окта Петрол о. Аеродром.
Скопје
Пронајденo e исчезнатото 4-годишно дете
Пронајдено е четиригодишното дете Хадис по кое попладнево се трагаше.
Таткото Самир Абазов на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани кои се вклучиле во потрагата.
„Благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте во големата акција да се најде детето. Детето е пронајдено живо и здраво. Фала од се срце“, порача Абазов.