Контакт

Бегството на Груевски

Втор месец Груевски е во бегство – сè уште енигма дали некој му помогнал да избега

Објавено пред

Експермиерот Никола Груевски, најпознатиот македонски азилант во Унгарија, втор месец е во бегство. Судскиот курир пред 2 месеца, поточно на 9 ноември 2018 година трипати се обиде, но не можеше да го пронајде поранешниот премиер на адресата од неговата лична карта. На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи 48-годишниот Груевски сè уште е последниот кој државата огласила дека го бара со меѓународна потерница.

Граѓаните во Македонија втор месец не знаат како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, лани изјави дека е познато само оти Груевски не избегал легално преку граничните премини и по воздушен пат. Истото го повтори и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Обвинителката Вилма Рускоска во интервју рече дека од досегашниот тек на предистрагата има ненамерни пропусти на институциите за бегството на експремиерот.

Последната објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ на Груевски е од 20 ноември, кога објави дека добил азил од Унгарија. Унгарски новинар се обиде да му земе изјава, откако го затекна Груевски во ресторан во Будимпешта, но не успеа. Во меѓувреме Груевски во Унгарија го посети неговиот сопартиец Александар Трајковски, обвинет во предметот „Насилство“ на СЈО.

Лани унгарската опозиција во заедничко писмо пратено до Собранието побара да му биде укинат азилот на Груевски и да биде екстрадиран во Скопје. Социјалистичката партија, Дијалог за Унгарија и Демократска коалиција ја предупредија Владата на премиерот Виктор Орбан дека не го претставува само унгарскиот народ, туку и сите граѓани на Европската Унија.

Во меѓувреме, СЈО побара и доби притвор од судот за Груевски за сите случаи што ги води. Барањето за екстрадиција на Груевски на Министерството за правда е испратено уште лани, но досега нема повратна информација од унгарските власти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија9 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава10 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет10 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава11 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава11 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет12 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет12 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија13 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија13 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...