Контакт

Истражувања

Газдата на земјиштето спроти „Холидеј ин“ е во бизнис-релации со Мијалкови

Објавено пред

Фирмите на Зоран Антиќ, еден од сопствениците на фирмите „Обновители“ и на „МГ Фешн“, кои станаа газди на земјиштето спроти ГТЦ каде што е предвидено да се градат висококатници, се поврзани со компании на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, покажуваат податоците од Централниот регистар.

Овие две фирми со заеднички именител – кумановскиот бизнисмен Антиќ пред еден месец со непосредна спогодба го купија државното земјиште спроти „Холидеј ин“ од 9 илјади квадратни метри за 312 евра по квадрат. На ова место е предвидено да се градат 60-катници, но засега Општина Центар има ставено мораториум за градби.

По обелоденувањето на информацијата, во јавноста почна многу да се говори за МПЦ како нов сопственик на земјиштето, а малку за кумановскиот бизнисмен Антиќ, кој е бизнис-партнер и со црквата, преку фирмата „Обновители“, но и со фирма во Прага, преку која се поврзува со Мијалков.

Екипата на „Макфакс“ изврши увид во речиси сите фирми каде што газдата на познатиот бренд „Битсиани“, Зоран Антиќ, фигурира како сопственик. Негова фотографија речиси и не се појавува во медиумите, во архивите не можат да се најдат негови изјави, а сепак, неговите бизниси се поврзуваат со многу атрактивни локации во центарот на Скопје.

Според Централниот регистар, Антиќ се јавува во сопствеништвото на осум компании. Едната е фирмата „Обновители“, каде што сопственици се Зоран Антиќ заедно со Македонската православна црква (МПЦ).

Втората фирма e „МГ Фешн“, каде сопствеништвото го делат Зоран Антиќ и неговата сопруга Тања. Оваа компанија се јавува како сопственик на повеќе фирми, од кои едната води кон Прага, Чешка.

Па така, „МГ Фешн“ е еден од сопствениците на компанијата „Волис проперти ФЛ“, заедно со „Квалитет пром“ од Куманово и „Билдинг капитал“. Фирмата мајка на „Билдинг капитал“, пак, се наоѓа во Прага, Чешка.

Сопственик на „Билдинг капитал“ е Build Fashion Group SRO од Прага, а документите од чешкиот регистар говорат дека управител на оваа компанија е Зоран Антиќ. Последните промени се направени во мај годинава, кога Антиќ му дава полномошно на чешкиот државјанин Горан Гацов, кога основачкиот влог на фирмата се зголемува од 250 илјади на 500 илјади круни, односно на речиси 20 000 евра.

Горан Гацов во јавноста е познат по тоа што директоруваше со фирмите од Чешка на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Ова го обелодени СДСМ на прес-конференција уште пред 3 години.

„Сашо Мијалков во неговиот анкетен лист нема пријавено цела една фирма во Чешка во негова 100-процентна сопственост, тоа е фирмата ‘Миртланис’. Директорот на УБК ја продаде фирмата.Го прикажуваме договорот кога Мијалков ја купува фирмата ‘Миртланис’. Склучен на 26 февруари 2013 година. Под потписот на купувачот Сашо Мијалков се наоѓа потпис на лицето Горан Гацов. Познато е дека фамилија Гацови ги води бизнисите на Мијалков во Чешка. Значи Горан Гацов станува управител на фирмата ‘Миртланис’“, објави СДСМ.

И веб-порталот „Нова“ пишуваше дека долгогодишниот директор на фирмите на Мијалков, Горан Гацов, останал директор и откако заврши трансферот на сопственоста на фирмата „Миртланис“.

Втората поврзаност со Мијалков е преку фирмата „Капитал проперти инвестмент“, каде што сопственик е Антиќ, заедно со „Дивелоп груп“. Сопственици на „Дивелоп груп“, пак, се Александар Ивановски (во јавноста познат како Алек Теранова) и „Бест Веј инвестмент“, фирма чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, 24-годишниот Јордан.

Мрежа од сестрински компании го градат централното градско подрачје

Името на Зоран Антиќ беше актуелно во јавноста во 2016 година кога се поплави градилиштето спроти зградата на МНР и се претвори во езеро од фекалии. Поплавата што се случи веднаш до новата барокна зграда на Факултетот за драмски уметности отвори опасност од свлечиште на земјиштето кое можеше да ги загрози и соседните згради.

Инвеститор во овој проект беше компанијата „Волис проперти ФЛ“, додека изведувач е Рапид Билд, а сопственици на оваа градежна компанија се двете фирми „Квалитет пром“ и „Детоил“ ДОО Куманово.

Тогаш порталот „Нова“ пишуваше за „Рапид билд“, каде кумановецот Тони Каранфиловски преку семејните компании „Детоил“ и „Квалитет пром“ ги има речиси сите удели заедно со братот и таткото.

Во фирмата инвеститор, „Волис проперти ФЛ“мнозински сопственик со 50 проценти е фирмата со чешки капитал „Билдинг капитал“.

„Рапид билд“ е една од двете фирми на кумановскиот бизнисмен Тони Каранфиловски, за кои медиумите пишуваа дека ќе бидат вклучени во милионскиот бизнис со изградба на гасоводната делница во земјата. Во овие две фирми како сопственик се јавува компанијата „Квалитет пром“, која е семејна компанија на Каранфиловски.

Кумановската фирма „Рапид билд“ е исто така компанијата која ја доби изградбата на гасоводот на Водно, против што повеќепати протестираа активистите и здруженијата за заштита на зеленилото, откако булдожерите започнаа да копаат на планината.

„Волис проперти ФЛ“ е инвеститор, а „Рапид билд“ е изведувач и на барокниот деловен објект „Св. Мина“ во центарот на Скопје, каде што се наоѓаат просториите на „ВИП-ОНЕ“.

Богдановиќ: Лично сметам дека таму не треба да има висококатници

Фирмите на Антиќ, „МГ Фешн” и „Обновители“ сега располагаат со градежна парцела од 13.653 квадратни метри, од кои 4.605 квадрати претходно ги имат купено од физички лица кои ги имаат добиено со денационализација. Откупувајќи ги приватните парцели тие се стекнале со над 30 проценти од градежната парцела, а Законот за градежно земјиште, како што рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, им овозможува да направат дооформување на парцелата. На овој начин, двете фирми го докупиле државното земјите од 9.048 квадратни метри за само 312 евра по квадрат.

Од МПЦ веќе изјавија дека ќе ја отстапат својата парцела за да добијат станови и деловен простор во објектите што ќе се градат таму.

„Тука сè е согласно законот“, рече Сугарески пред неколку дена.

Градоначалникот на Скопје, Саша Богдановиќ, денеска уште еднаш повтори дека е ставен мораториум на извршувањето на урбанистичките планови. Тој вети дека за понатомошните одлуки ќе бидат вклучени граѓаните. Лично тој смета дека таму не треба да има висококатници.

Големи се реакциите во јавноста на архитектите и граѓаните кои се против изградба на висококатници во централното јадро на градот бидејќи сметаат дека освен уште многу бетон, сивило и пари, треба да се води сметка и за здравјето на луѓето.

Сепак, останува можноста дека на паркингот спроти „Холидеј ин“ можеби нема да се изградат 60-катници, туку згради со помала катност, што повторно нема да ги задоволи барањата на граѓаните кои се категорично против изградба на објекти – дел од нив бараат изградба на плоштад, а дел изградба на парк.

Мери Јордановска, Кристина Озимец

Истражувања

Обвинителството бара меѓународна помош за расчистување на криминалот во „Фени“

Објавено пред

За злоупотребите во „Фени“ повеќе од една година се поднесуваат кривични пријави, но резултати од пријавите нема. Над десет кривични пријави се поднесени против поранешните раководни лица, има пријава и против стечајниот управник и стечајната судијка, а кривични пријави заработија и неколку фирми поврзани со „Фени“. Злоупотреба на службена должност, перење пари, злосторничко здружување и измама, се само дел од обвинувањата вo кривичните пријави.

Од Основното јавно обвинителство Велес велат дека истрагите се во тек, а за некои од кривичните пријави, кои се однесуваат на ист настан, се спроведува единствена постапка. Такви се кривичните пријави против поранешниот главен извршен директор, Јусуф Миракхмедов, за незаконско отуѓување резерви фероникел и друга руда од фабриката врз кои банките имале заложно право. Во Основното јавно обвинителство Велес кривични пријави за отуѓувањето има од Финансиската полиција, од Стопанска банка и од Комерцијална банка.

„Со оглед на тоа што сите три кривични пријави се однесуваат на ист кривично-правен настан во врска со продадените движни предмети, сопственост на ‘Фени’, над кои банките имале воспоставено заложно право, во вкупна вредност од 1.809.617.164 денари, одлучено е по сите да се спроведува единствена постапка по што е донесена наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Во текот на предистражната и истражната постапка утврдено е дека петмина од пријавените не се наоѓаат на територијата на Македонија, па Основното јавно обвинителство во Велес преку Министерството за правда до надлежните органи на Узбекистан и Кралството Холандија упати замолница за меѓународна правна помош во кривично-правна материја“, велат од Обвинителството, од каде што чекаат одговор и нагласуваат дека истрагата е во тек.

За ексдиректорот Миракхмедов, сите кривични пријави се поднесени кога тој ја напушти Македонија, лани, на крајот на октомври. Додека вработените во „Фени“ тврдеа дека Миракхмедов избегал за да не му се суди, неговите правни застапници ја уверуваа јавноста дека ја напуштил Македонија поради здравствени проблеми и дека ја имаат неговата точна адреса. Гарантираа дека не бега од судот и дека ќе се појави доколку тоа од него биде соодветно побарано. Обвинителството работи и на втората кривична пријава против него од Финансиската полиција за незаконскиот отпис на незастарени побарувања на „Фени“ во износ од 51,5 милион американски долари.

„Во текот на предистражната постапка во овој предмет испитани се сведоци – членови на Управниот одбор на ‘Фени’, а застапниците на пријавениот на закажаниот распит приложија медицинска документација дека тој се наоѓа на болничко лекување во Ташкент. Во јули годинава Обвинителството издаде наредба за финансиско вештачење во Скопје, а резултатите сè уште не се доставени до Основното јавно обвинителство Велес“, велат од ОЈО Велес.

Поранешниот главен извршен директор, Јусуф Миракхмедов, има кривична пријава за незаконско отуѓување резерви фероникел и друга руда од фабриката врз кои банките имале заложно право

Обвинителството не даде податоци за кривичната пријава против Миракхмедов и уште неколку раководни лица во „Фени“ за перење пари, поднесена од БСГР, малцинскиот партнер во „Кунико рисорсис“.

Последната кривична пријава Миракхмедов ја доби минатата недела од стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски. Кривичната е против Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев, сите носители на високи функции во „Фени“ пред да отиде во стечај, а се товарат дека во 2016 година извршиле незаконски дејства со кои го оштетиле комбинатот со 51 милион американски долари и ја довеле фабриката до стечај.

„Пријавата е земена во работа, со оглед дека веќе се водат постапки во Основното јавно обвинителство Велес, се разгледува дали содржи елементи на кривични дела за чие постапување е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, велат од Обвинителството.

Се работи и на кривичната пријава против стечајниот управник и стечајната судијка за незаконитости во стечајната постапка. За да се исклучи секакво сомнение за непристрасно постапување на Основното јавно обвинителство во Велес, надлежноста му е пренесена на ОЈО Скопје, од каде што веќе упатиле барања до судот во Велес и велат дека е во тек предистражна постапка.

Паралелно со кривичните пријави во Основното јавно обвинителство во Велес, велешкиот Основен суд ја води стечајната постапка за „Фени“.

Прикажи повеќе...

Истражувања

Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми

Објавено пред

Фабрика за преработка на медицински отпад ќе се гради на земјиштето во дворот на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“. Како што дознава „Макфакс“, инвеститорот минатата недела ги информирал газдите на околните фирми во комплексот кај МЗТ дека ќе почне со градба. Уплашени од опасноста и штетните последици од ваква фабрика во нивна близина, сопствениците на околните фирми потпишуваат петиција за да се стопира оваа изградба. Од Општина Гази Баба ни одговорија дека дозволата е издадена во 2014 година и е потпишана од тогашниот градоначалник Тони Трајковски, но, наводно, станува збор за преработка на неопасен отпад.

Станува збор за фирмата „Еко клуб“ ДООЕЛ Битола, чија основна дејност е манџирање со отпад. Фирмата барањето за складирање, третман и/или преработка на неопасен отпад до Општината го доставила на 10.12.2014 година.

„Од Општина Гази Баба на 17.12.2014 година е издадена потврда од страна на комисијата за изготвување потврди за одредување локации на кои ќе се врши дејноста складирање, третман и или преработка на неопасен отпад, потпишана од тогашниот градоначалник Тони Трајковски“, ни одговорија од Општина Гази Баба.

Но, сепак, во документите до кои дојде „Макфакс“ покажуваат дека „Еко клуб“ има договор за соработка со „Дрисла“ за вршење услоги на преработка на опасен медицински отпад.

Во описот на дејноста на фирмата „Еко клуб“ стои дека е водечка комунална компанија во регионот на југозападна Македонија и пошироко на Балканскиот Полуостров.

Компанијата работи веќе 27 години и е прва приватна комунална компанија во Македонија. Компанијата е регистрирана на 26.9.1990 година. Основни дејности се еколошки и комунални услуги, кои се изведуваат со сопствена механизација.

Минатата недела имаше бурни реакции во јавноста по информацијата дека во склоп на фабриката „Железарница“ ќе се гради фабрика за тешка индустрија. Активистите постојано апелираат да се престане со градба на фабрики што дополнително ќе ја влошат енормната загаденост на воздухот во Скопје.

 

Прикажи повеќе...

Истражувања

(Видео) Во Општина Охрид се јадело и се пиело за 18.000 евра годишно

Објавено пред

Општина Охрид потрошила 18 илјади евра за јадење и пиење последнава година по доаѓањето на Јован Стојаноски на функцијата градоначалник.

Според фактурите што ги има „Макфакс“, се јадело и се пиело само во шест ресторани, најмногу во хотелите „Милениум“, „Нова ривиера“ и ресторанот „Острово“. Просекот е дека дневно се трошеле по 50 евра, а еден ручек или вечера изнесувал над 350 евра.

Од потрошените 18.000 евра за една година за јадење и пиење Општина Охрид ни испрати фискални сметки само за третина од потрошеното – односно за 6 илјади евра.

Од сметките се гледа дека во една пригода со делагации од збратимените градови се испиле 44 ракии, 24 пива, 34 вина, 10 уза и коњаци…. Во друга пригода, само за риби и рибни специјалитети се потрошиле речиси 600 евра.

Коктелот за патронот на Охрид е платен над 1.600 евра, ручекот со членови на делегации од збратимени градови 1.000 евра, за оброците на пејачот Сергеј Ќетковиќ, кој настапуваше во Охрид, платени се речиси 400 евра, а плаќани се пари и за гоштевањето на претставници од Охридската архепископија, кои јаделе комати, ѓомлезе, пастрмка, а испиле и 5 вина, пива и ракии. Но, ова е само дел од фактурите. За преостанатите не добивме одговор кој сè се гоштевал во охридските ресторани.

Сите фактури се одобрени за плаќање од градоначалникот Стојаноски. Тој вели дека Охрид е центар за манифестации и дека постојано доаѓаат гости. Градоначалникот во телефонска изјава уверува дека ниту една сметка не е направена за негова лична потреба или за потреба на вработените во Општината.

Сметката на Општина Охрид е под постојана блокада од 2005 година поради неисплатени долгови.

По објавите за луксузното трошење на претходната власт по кафеани, СДСМ жестоко реагира – се донесе правилник за трошењата во министерствата, но не и за општините.

На совеста на секој градоначалник е оставено дали ќе се луксузира со скапи вина и специјалитети или, пак, поскромно ќе ги троши општинските пари, особено во време кога општините се соочуваат со милионски долгови и блокирани сметки.

Мери Јордановска, Кристијан Ландов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија2 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија3 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ6 часа

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион21 час

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ24 часа

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија1 ден

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија1 ден

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион1 ден

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија1 ден

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија1 ден

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ1 ден

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа2 дена

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа2 дена

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Досие