Македонија
Грковска: Сите надлежни институции треба да го исполнат својот дел од задачата за да имаме ефикасен систем отпорен на корупција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Седница-на-Меѓуресорското-тело-4.12-фото-1.jpg)
Детална анализа на наодите од последниот извештај на Европската комисија во делот на оценување на состојбата со корупцијата во Северна Македонија беше главна точка на денешната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, со која претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Претставниците на институциите кои се дел од ова координативно тело се осврнаа на наодите и препораките во извештајот на ЕК и информираа за тековните и идните чекори кои ги преземаат во рамки на своите надлежности.
Посочувајќи дека извештаите на Европската Комисија секогаш даваат реална слика, Грковска истакна дека сите институции треба сериозно да ја сфатат својата задача и да дадат директен придонес за во најкраток можен рок да се унапредат состојбите во однос на справувањето со корупцијата.
„Целта треба да ни е иста на сите. Да имаме ефикасен систем отпорен на корупција и влијание, систем кој функционира непристрасно, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Нема преку ноќ радикални промени, но мора, што е можно побрзо, секој во делот на своите ингеренции да го направи тоа што е потребно“, истакна Грковска.
Во таа насока, на состанокот беа донесени заклучоци до 15 декември да се направи пресек на законските решенија кои се изготвени, но се заглавени во собраниска процедура, пресек на потребните дополнителни измени на законски и подзаконски акти од оваа област, да се дефинираат конкретни активности на краток, среден и долг рок за секоја институција, кои практично ќе претставуваат акциски план за работата на Меѓуресорското тело, како и да се изготват критериуми за транспарентност во користењето на донаторските средства и на кредитираните проекти.
На седницата учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор, кои во својство на набљудувачи ја следат работата на Меѓуресорското тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.