Македонија
Движењето „Знам“: Времето на дуизација во Македонија е завршено
Движењето „Знам“ со реакција на соопштението на Вреди во врска со поништување на годишните планови за вработување од страна на министерот за јавна администрација Горан Минчев.
Не ја разбираме возбуденоста во редовите на Вреди во врска со денешната прес-конференција на Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се истакнува во соопштението.
„Движењето ЗНАМ – за наша Македонија на парламентарните избори во рамки на својата програма стриктно посочи дека ќе влезе во Владата, базирано на принципите на чесност, одговорност и отчетност, и исклучиво со целосно почитување на законите. Би сакале да потенцираме дека терминологијата “Анти-албанска доктрина” не постои во редовите на Движењето ЗНАМ. Наша доктрина е “доследно почитување и спроведување на актуелните закони”, потенцираат од партијата.
За да ги појаснат работите, нагласуваат дека во Законот завработени во јавниот сектор во Глава IV-a; Член 20-а; Став 4 стои: Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна нацентралната власт, а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат нацентрално ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територија на Република Македонија.
„Им укажуваме на господата од Вреди, пред да излезат со било какво соопштение, добро и детално да ги проучат сите постоечки и важечки закони.
Што се однесува на фразата “Елиминирање на некои политичари”, би сакале да ги потсетиме припадниците на Вреди дека времето на дуизација во Македонија е завршено.
Колегите од Вреди треба да разберат дека заврши времето кога можеше да се демонстрира моќ од позиција на власт преку кршење на законите во Македонија. Таква демонстрација на моќ практикуваше ДУИ. Тоа време е минато“, прецизираат од Движењето „Знам“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро појава на магла, преку денот сончево време
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури ќе бидат пониски.
Скопје
Без струја дел од Аеродром
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, без ел. енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 08,00ч до 12,00ч дел од Бул. Јане Сандански околу б/п Окта Петрол о. Аеродром.
Скопје
Пронајденo e исчезнатото 4-годишно дете
Пронајдено е четиригодишното дете Хадис по кое попладнево се трагаше.
Таткото Самир Абазов на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани кои се вклучиле во потрагата.
„Благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте во големата акција да се најде детето. Детето е пронајдено живо и здраво. Фала од се срце“, порача Абазов.