Македонија
Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Demiri-i-Grozdanova.jpg)
За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од 12 до 15 години, може да ја примат и момчињата на иста возраст. Деветвалетнатата ќе ја замени четиривалентната ХПВ-вакцина, која се користи кај нас од 2008 година, а од 2009 година е ставена во редовниот задолжителен календар за имунизација.
„Мило ми е што и младите момчиња ќе бидат опфатени со оваа вакцина. Во рок од еден месец ќе биде достапна во секој пункт за нашите млади да бидат безбедни. Со деветвалентната вакцина се обезбедува поквалитетна превенција од ХПВ-инфекции, како и за преканцерозни лезии и карцином на грлото на матката“, рече министерот за здравство, Илир Демири.
Дветвалентната ХПВ-вакцина содржи пет дополнителни серотипови со кои е зголемена ефикасноста на вакцината, појасни професорката Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.
„Со вакцинирање на возраст препорача според нашиот календар, меѓу 12 и 15 години, се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот, особено пред момчињата и девојчињата да бидат изложени на ХПВ-ризикот. Се проценува дека ХПВ-вакцината спречува 70 отсто од случаите на цервикален карцином, 80 отсто од аналниот карцином и повеќе од 40 отсто од вулваларниот карцином. Во нашата земја за следните три години се обезбедени 70.000 дози од ХПВ-вакцината од истиот производител што досега ја обезбедуваше четиривалентната вакцина. Само со подигнување на свеста нашите млади генерации ќе бидат заштитени од овој вид карциноми“, рече Грозданова и повика девојчињата и момчињата на возраст од 12 до 15 години да ја примат вакцината.
ХПВ-вакцината може да се прими до 18 години, односно до завршување на средното училиште. Момчињата и девојчињата на возраст од 12 до 15 години примаат две дози, а оние што се постари од 15 години, односно од 15 до 18 години, ќе примаат три дози, исто како и досега.
Според досегашните анализи, ракот на грлото на матката е петта водечка причина за смрт кај возрасната група од 18 до 49 години во Македонија, бројка што може да се намали доклку се постигне соодветно ниво на вакцинација.
Во моментот анализите покажуваат дека само 50 отсто од девојчињата на возраст од 15 години кај нас се вакцинирани со ХПВ– вакцината наместо предвидените 90 отсто, кои придонесуваат за значително да се намали бројот на заболени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.