Македонија
Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/spasuvachka-akcija-cuk-chamec.jpg)
Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била лесна бидејќи се работело за исклучително стрмен и опасен за движење, па тие биле извлечени со чамец.
„Тие по исклучително стрмниот терен успеале да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место над – пред манастирот ‘Мала Богородица’, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје – Велес, од каде што по земјен пат не можеле да се извлечат во текот на ноќта. Тим спасители со пловење со чамец по Пчиња, од Катланово, па сѐ до локацијата на изгубените во клисурата на реката под самиот автопат, со голем напор и несебично залагање безбедно ги пронајдоа и ги извлекоа од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно ги качија на автопатот“, информираат од ЦУК.
По добиената информација преку 112 во ЦУК, Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец.
„Тимот спасители на вода од Велес, а со поддршка и на тим од припадници на САЕ ‘Тигар’, тргнаа од Катланово пловејќи по Пчиња во обид да се пробијат до местото каде што се наоѓаат лицата за да ги префрлат од другата страна на реката, околу 300 до 500 метри над манастирот ‘Мала Богородица’ којшто се наоѓа во клисурата на Пчиња под самиот автопат. Во реката, спасителите наидоа на многу препреки коишто мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце чамецот, на некои места, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија. Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите“, соопштија од ЦУК.
На местото на настанот, долу во длабоката и опасно стрмна клисура, се спуштил и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со таткото, еден од родителите на дел од лицата.
Во заедничка комуникација преку реката, со залутаните лица, тие биле успокоени и дека е прашање само на време кога ќе бидат извлечени. За тоа време, како што информираат од ЦУК, имало обиди да им се фрлат шишиња со вода за да не дихидрираат бидејќи нивната вода завршила.
Во време нешто по 02.00 по полноќ, лицата се безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.
Директорот на ЦУК, Ангелов изразува голема благодарност на сите ангажирани во спасителната акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата што беше многу специфична, но успешно се реализираше од страна на сите присутни на терен, а и дежурни во Системот за управување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.