Македонија
(Видео) Димовски до власта: Ако донесете Изборен законик без опозицијата, влегувате во голем ризик

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ѝ порача на власта дека влегува во многу голем ризик ако донесе Изборен законик без опозицијата.
„Груби, мислам дека треба да ја прекинете седницата поради тоа што ги немате амандманите пред вас и вториот аспект е политичкиот. Сакам да ви доволам дека веќе разлетавте, а целта ми е да ви ја разбудам совеста“, рече Димовски на Комисијата за европски прашања, на која на дневен ред се измените на Изборниот законик што ги предложи Владата.
„Знаете што се зборува надвор? Дека СДСМ е ВМРО вклучено на најјако. Во Собранието двајца се најважни. Тоа се Груби, кој ми е пријател, и Џафери, кој е исто мој пријател. Ние другите џабе облекуваме костими, џаме земаме плата. Ветувавте покана за ЕУ, добивте пејпер во лице, ви кажаа дека сте покорумпирани од кога било. Тоа се сигнали до вас, тоа е штета за вас. Мојот апел до вас е да прекинете без утврдување дневен ред. Да престанете со насилство. Со зборовите на СДСМ – дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било“, рече Димовски.
Вашиот удар во ѕид, додаде тој, ќе биде многу полошо од она што го доживеа ВМРО. „Ова закажување на Комисијата е во афект поради непостигнување договор за финансирање политички партии и другото“, рече Димовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Груевски за Антонијо Милошоски: Пред секој нов лидер го напаѓа претходниот за да се истакне – таков бил и ќе остане

Експремиерот Никола Груевски се огласи со коментар по вчерашната прес-конференција на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој рече дека Ковачевски и Ахмети преговарале амнестија, со цел поделби во партијата и уставни измени.
Груевски по повод обвинувањата од оваа прес-конференција рече дека Милошоски е политичар кој за да се истакне пред новиот лидер, секогаш го напаѓа претходниот.
„За Антонио Милошевски кој вчера држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам. Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато. Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот. Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден. Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“, вели Груевски.
Македонија
Груевски до членството: Тргнете се од ботовите и платените пропагатори

Експремиерот Никола Груевски порача до членството да се оддалечат од ботовите и платените пропагатори, коментирајќи дека има многу начини да се изрази лојалноста кон партијата.
Груевски го обвини актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека сурово, жестоко и неочекувано го нападнале и обвиниле, а од денес, како што вели, е јасно дека водат однапред подготвена кампања против него, дека наводно подготвувал соработка со власта на штета на партијата и нацијата.
„Тоа го направија во време кога континуирано и без исклучок речиси секојдневно жестоко ја напаѓам власта со сите сили и аргументи, и ги бранам националните позиции со аргументи и со историски факти како ниту еден од раководството на партијата, на чело со Мицковски. И во време кога Мицковски и Заев повеќе од половина година не ги негираа објавите на медиумите за нивна блиска соработка и заеднички планови. А националните позиции на Заев добро ни се познати…не сум изненаден Заев да не ме посакува во ист табор со него.
Со оглед дека нивните напади не се вистина, заради што не можат да ги поткрепат ниту со најмал доказ, зборуваат дека некои други луѓе нешто зборувале и планирале, се договарале, се фалеле или слично, но никаде ме нема мене, па така останува дека тие, пред се водени од Мицковски кој се обидува да ги инволвира сите други, свесно, со намера, подолго подготвувано, со план и стратегија, маркетинг кампања и однапред програмирани чекори започнаа не само напад, туку и валкана кампања против мене, токму со цел да ме направат нивни противник и да ни направат штета. Многу долго време сум бил на таа позиција на која е Мицковски сега, за да не сфатам кои му се намерите и мотивите.
Има повеќе можни причини за тоа, тргнувајки од страв заради крајно нечовечкото однесување кон мене на Мицковски и на овие поединци во раководството на партијата во последните 6-7 години, кои дел ги донесов а дел растеа покрај мене во политиката, па до влијанија од надвор, докажувања некаде, скриени агенди, тајни планови за важни прашања, не чесни планови и нечесен однос, нервоза и незадоволство од некои анкети, лични амбиции и длабоки комплекси на поединци итн.
Со оглед дека од денес ми е јасно дека планот е да водат кампања против мене, ќе морам подетално да ги анализирам овие работи.
На членовите на партијата, активистите и сите во раководството им порачувам да не наседнуваат на вакви погубни стратегии, да размислуваат со своја глава, да бараат цврсти докази кога ги тераат некого да осудат на невидено, за да не се еден ден во ситиација да се извинуваат и да се правдаат, дека биле прелажани, дека слепо некому верувале, дека сега им е криво, не ги знаеле добро работите или слично.
Ова очигледно е голема игра во која сакаат да ве повлечат сите. Да не речете потоа: па што не ни кажа? Па одкаде ние да знаеме сѐ? Тргнете се од ботовите и платените пропагатори. Имате многу начини да ја изразите лојаноста кон партијата без да станете дел од нечесни игри. Толку од постот“, напиша Груевски на социјалните мрежи.
Македонија
(Видео) Кузеска: Мицкоски е бледа копија на Груевски, ДПМНЕ се распаѓа, внатрешниот раскол Мицкоски да не му го товари на СДСМ

ДПМНЕ се распаѓа. Очигледно големи се внатрепартиските проблеми во белата палата и анти-ЕУ кампусот. Јавноста е сведок дека повторно внатрешниот раздор, кавгите и поделбите во ДПМНЕ, кои кулминираат овие денови, Мицкоски се обидува да му ги натовари на СДСМ, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски. Очајниот Мицкоски воопшто да не ја меша СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да си ги решава кавгите. Впрочем јавноста се уште чека одговори од Мицкоски за диловите со Груевски. Дали со тоа ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија?“, прашува Кузеска.
Мицкоски, додава таа, е бледа копија на Груевски. Оценува дека политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ што не се задоволни од него.
„СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник.
Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ“, нагласи Кузеска.