Македонија
Дурмиши ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес во Берлин
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши утре ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.
Дурмиши со колегите министри за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис формум ќе дискутираат на тема “10 години Берлински процес-Западен Балкан како економска област на патот на ЕУ“.
На конференцијата на министри покрај Дурмиши ќе присуствуваат министрите за економија на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Берлинскиот процес беше воспоставен во 2014 година како платформа за соработка на високо ниво меѓу високи официјални претставници на шест земји од Западен Балкан и нивните колеги во Земјите домаќини на Берлинскиот процес.
Процесот ги вклучува и институциите на ЕУ, меѓународните финансиски институции и граѓанското општество во регионот, Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и бизнисите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 06:00 до 07:00 часот, корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово (Општина Чаир и Општина Бутел)
• од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Кожле, Бадар. Катлановско Блаце како и Тунелот Ктланово на автопатот Велес – Скопје. (Општина Петровец)
• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Наум Чакаров и Борис Сарафов. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Прекинато водоснабдување во Општина Гази Баба и Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека денеска (вторник), поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм во парк шума Гази Баба, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Трифун Хаџијанев, Ташко Караџа, Христо Ботев, Јани Лукровски и дел од Бапчор. (Општина Гази Баба)
поради изведување на водоводен приклучок -80 мм на ул. 9-ти Мај прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици : 9-ти Мај, Христо Смирненски, Петар Попарсов, Костурски Херои, дел од бул. Теодосие Гологанов и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (Општина Центар)
Најавениот прекин во водоснабдувањето, зa 23.09.2024, односно санацијата на дефект на ул. Франклин Рузвелт 60 , поради технички причини се одложува за 24.09.2024. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Франклин Рузвелт и потегот од Орце Николов до бул. Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (Општина Центар)
Македонија
Без струја делови од Скопје
Од ЕВН – Скопје известуваат дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, (вторник), без напојување со електрична енергија ќе останат:
од 06:00 до 07:00 часот, корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово (Општина Чаир и Општина Бутел)
од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Кожле, Бадар. Катлановско Блаце како и Тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје. (Општина Петровец)
од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Наум Чакаров и Борис Сарафов. (Општина Ѓорче Петров)