Македонија
Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“
Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште не поднело барање до Владата за одземање на концесијата на „Еуромак rесурсис“ иако е одбиено барањето на компанијата за дозвола за работа, велат активистите од здруженијата кои две години се бореа за одземање на концесијата за рудникот во Иловица – Штука.
„В сабота во 12 часот ќе одржиме протест пред Владата, како потсетување на оваа прашање кое е за нас од витално значење. Сите еколошки здруженија и граѓани активисти од Струмичкиот Rегион се задоволни од ставот на премиерот и одлуката на Владата за одбивање на некомплетното барање на концесионерот за работа, но стравуваме и знаеме дека постојат структури кои намерно ја одолговлекуваат постапката за одземањето на концесијата. Сметаме дека нема потреба да се чека одлуката на управниот суд, околу жалбата на концесионерот затоа што Владата е таа што е надлежна за доделување и одземање на концесиите. Нашиот протест е во насока на охрабрување и забрзување на постапката за одземање на концесијата“, вели активистот Костадин Ристоманов.
Пред четири месеци Владата го одби барањето за издавање дозвола на компанијата „Еуромакс рисорсис“ бидејќи не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација на рудник во Иловица. Со тоа требаше да заврши двегодишната битка на активистите и жителите од Струмичкиот Регион кои секојдневно го блокираа патот кон местото каде што требаше да биде отворен рудникот за бакар и злато Иловица – Штука и посочуваа на низата нерегуларности од страна на концесионерот и опасноста по животната средина.
Откако истече рокот за жалба, се очекуваше Владата да донесе и конечна одлука за едностран раскин на договорот за концесија со „Еуромакс рисорсис“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.