Македонија
Еколошки организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина
Еколошките организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина. Според нив Петровска е пример за државен функционер со интегритет и професионализам. Тие бараат од премиерот Зоран Заев да ја задржи Петровска на функцијата државен секретар во Министерството, зошто, како што велат нејзината замена ја гледаат како чекор назад.
„ Петровска е неуморен професионалец со големо искуство и знаење од областа на заштита на животната средина. Како еколошки граѓански организации кои долги години работат во секторот животна средина уверуваме дека Ана Петровска е докажан експерт во својата област која покажа дека можни се промени и подобрувања. Информациите за потенцијалната нејзина промена од позицијата, како активисти не’ вознемири и не’ запраша зошто успешниот кадар би се менувал, наместо да биде награден.
Честопати изложувана на ризик и непријатност, демонстрираше интегритет и достоинство во критични ситуации. Нејзината замена ја гледаме како чекор назад за многу здрави процеси, кои почнаа да се одвиваат во Министерството по нејзина заслуга.
Апелираме Ана Петровска да остане на позицијата државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.
Искрено се надеваме дека ќе го прифатите нашиот апел и ќе ги препознаете вистинските професионалци во државните институции и ќе ги поставите на вистинските места, како што беше државниот секретар на МЖСПП во изминатиот мандат“ велат од еколошките организации:
•ДЕМ- Движење на екологистите на Македонија
•Здружение „Гоу Грин“- Скопје
•Асоцијација Ајде Македонија- Скопје
•Еколошко здружение „Здрава Котлина“ – Струмица
•Еколошко здружение „Еко Долина“ – Ново Село
•Граѓанска иницијатива „Скопје бара чист воздух
•Здружение Извиднички Поречански Одред Крсте Јон- Струга
•ЕД Еко-Рурал Пелистер с.Дихово Битола
•ЕД Сапунчица с.Дихово Битола
•ЗЗУЖС Еко-живот, Кавадарци
•Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)- Северна Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

