Македонија
Економската соработка и политичкиот дијалог во фокус на средбата на Муцунски со грчката амбасадорка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.
На средбата соговорниците го потврдија заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации.
Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 11.00 часот, корисниците ул. Индустриска броеви од 4 до 27 ( општина Гази Баба )
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од полициска станица „Бит Пазар“, ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи ( општина Чаир )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Никола Парапунов 16, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов.(Општина Карпош)
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.
Македонија
Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само негови верни слуги, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не може сам да стои на свои нозе во политиката.
„По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и вечерва со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри.
Свежина и промени во СДС не се ни на повидок, наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев.
Потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв“, оценуваат во владејачката партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. „Ана Чупеска Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција. Едно е јасно светлина во тунелот наречен СДС нема, има само стари рециклирани кадри кои му служат на Заев што говори и дека тој ќе ја води партијата, а не Филипче“, нагласуваат од партијата на Мицкоски.