Контакт

Македонија

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Објавено пред

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и од Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР-тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Македонија

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Објавено пред

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицрање. Се одржале неколку неформални, како што велат пријателски средби, но тука нникави догвори и преговори за влез во Владата.

Повторија дека ќе чакаат ДУИ да ги завршат преговорите, па кога ќе добијат покана за средба тие ќе настапат.

„Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција. Или Насер Зибери премиер или одете во опзиција “, рече Скендер Зејд Реџетпи од Алтернатива, во името на коалцијата.

Како што велат од оваа колација, ДУИ треба да си остане на зборот и премиерот Албанец да има мандат од 4 години како што ветиле на изборите, а не ротирачки модел со учество од една или две години, затоа што според нив тоа е манипулација со гласачкото тело.

На прашањето дали и тие ќе бараат премиер Албанец, велат дека тоа прашање не било дел од нивната платформа.

„Доколку добиеме покана за преговори, ние ќе ги изнесеме нашите барања, а тие се содржани во нашата предизборна платформа. Ние со нашата програма која сакаме да биде дел од програмата на идната влада, бараме подобар живот и оставарување на уставните права на Албанците. Барањето за премиер Албанец беше прелог на ДУИ, кои впрочем немаа програма туку единстевно тоа го понудија“, рече Реџепи.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Србија воведе задолжителен ПЦР тест за македонските граѓани

Објавено пред

Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, одлучи Кризниот штаб. Одлуката важи за Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат на сила од утре.

ПЦР текст не е потребен за српските државјани коишто доаѓаат од земјите во соседството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Богоевски: Левица има повеќе од 30.000 евра во пропаднатата банка „Еуростандард“

Објавено пред

Поранешниот пратеник во Собранието Павле Богоевски на својот профил на Фејсбук напиша дека партијата Левица има повеќе од 30.000 евра во пропаднатата банка „Еуростандард“, што се гледа од партиската сметка на изборите, која е со кодот на банката.

„Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка,“ вели Богоевски во објавата, која е своевиден одговор на денеска соопштените заложби на лидерот на Левица Димитар Апасиев за „антилихварско законодавство“.

„Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“.

Да се разбереме – пропаѓањето на Еуростандард е трагедија која ќе ги влоши и искомплицира животите на голем број граѓани кои имаат заштедено во банката и ќе ја загрози ликвидноста на голем број фирми. Дополнително, Менаџментот и тимот на Еуростандард низ годиниве имаат донирано огромни пари во хуманитарни цели и имаат помогнато на голем број луѓе и ако ништо друго – од тој аспект ми е жал што повеќе нема да бидат на сцената и што броен и професионален кадар ќе треба да бара нови работни места.

Ама друштво – парите на ВИСТИНСКАТА работничка класа, таа што нема депозити поголеми од 30.000 ЕУР – се заштитени и ќе бидат директно обесштетени. Сретствата ќе може да си ги побараат и останатите доверители преку стечајната маса, ама за жал тоа ќе оди подолго и потешко. Тоа е реалноста.

Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и’ требаат тешко заработените пари на граѓаните???

Во меѓувреме со најавените реформи на банкарскиот сектор димче ќе може само да се слика и да држи пресови – бидејќи тој текст никогаш нема да биде преточен во Закон. И тој го знае тоа, ама не му е важна ниту реформата, ниту граѓаните – туку само публицитетот кој ќе си го добие пенавејќи се на сметка на „лошите капиталисти“.

А да – очигледно и многу му е гајле за парите на обесправените граѓани, се’ додека тој лично е „најобесправениот,“ напиша Богоевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицрање....

Македонија1 час

Србија воведе задолжителен ПЦР тест за македонските граѓани

Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа,...

Топ2 часа

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ3 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија4 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија4 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ4 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет5 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет5 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет8 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет16 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет17 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа18 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија19 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија20 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ21 час

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија22 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија24 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија1 ден

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Досие