Контакт

Македонија

ЗНМ бара претседателот на Судски совет да се извини на новинарите

Објавено пред

 

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осудува навредите на новинарите од  претседателот на Судски совет, Зоран Караџовски, кој во изјавата од 22 февруари ги оцени извештаите на медиумите за распределувањата на судиите од кривичен во прекршочен суд како театрални вулгарности, а новинарите ги етикетираше како „самонаречени новинари“.

 

Ваквите изјави на Караџовски, кои се повторуваат во континуитет, се неодговорни и непрофесионални и претставуваат неуспешен обид за нарушување на кредибилитетот и интегритетот на новинарите. Ако имало непрофесионално известување од одредени новинари за распределување на судиите, Караџовски можел да побара заштита од Совет на честа на ЗНМ или Советот на етика во медиумите, а во крајна инстанца и од судските органи, но во никој случај нема право да ги дискфалификува сите новинари, со цел да ја поткопа довербата на јавноста во медиумите, велат од ЗНМ.

 

Караџовски за лошите состојби во судскиот систем не треба да бара дежурни виновници кај новинарите, туку треба да преземе лична одговорност за слабостите во работата на судовите, за што потврди и пресудата на Европскиот суд за човекови права од девети февруари. Тој мора да ја почитува улогата на медиумите во демократијата како заштитници на јавниот интерес преку постојано инсистирање институциите да бидат транспаретни и отчетни, додаваат од ЗНМ.

 

Истапот на Караџовски целосно кореспондира со реакциите на Кривичниот суд во врска со известувањата на медиумите за промената на годишниот распоред на судиите од В.Д. претседателката на судот, Татјана Михајлова, која во континуитет не дозволува снимање на новинарските екипи на судењата на поранешниот премиер Никола Груевски, затскривајќи се зад барањето на обвинетиот да не се снима. Сепак крајна одлука дали ќе се дозволи снимање ја носи според неговото убедување и  јавниот интерес на граѓаните, кои имаат право да знаат за што е осомничен поранешниот премиер, порачуваат од ЗНМ.

 

Бараме од претстедателот на Судски совет јавно да се извини за искажаните навреди кон новинарите, а судијката Михајлова да дозволи снимање на новинарските екипи. Правото на презумпција на невиност на поранешен премиер не може да има предност пред правото на јавноста да знае, заклучуваат од ЗНМ./крај/мф/бс

 

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт5 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет6 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет6 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет6 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет6 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет7 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет7 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...