Контакт

Македонија

Иванов го достави документот за мандатот и до Собранието

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов, одлуката за доделувањето на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, ја достави и до Собранието.

dobivaj vesti na viber

 

Македонија

Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк

Објавено пред

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја поставија новата парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк.

dobivaj vesti na viber

„ Новиот парковски елемент целосно се вклопува во природниот амбиент, придонесува за збогатување на содржините во паркот и е вистинско место за пријатен престој на отворено. Видиковецот е изработен од дрвени елементи и е покриен со шиндра.

Одржувањето на зеленилото, уредувањето нови зелени површини и поставувањето нова парковска опрема е само дел од активностите што деновиве ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк, а нивните екипи се особено активни во неговиот втор дел“ велат од јавното претпријатие.

Во градскиот парк продолжува и реконструкцијата на средишните пешачките патеки која ја врши ЈП „Улици и патишта“, а ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри.

Во наредниот период службите од Градот Скопје ќе извршат обнова на оштетената урбана опрема во градскиот парк, ќе се обноват нефункционалните чешми за пиење на вода и фонтани, како и ќе се изврши дополнително зазеленување на постоечките тревници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шаќири: Во регионот да се создадат ученички генерации посветени на дијалог, мир, толеранција и меѓусебно почитување

Објавено пред

На народите кои живеат во Западен Балкан им недостасува повеќе сплотеност и почит кон различностите и помалку насоченост кон екстремен национализам, нетолеранција и омраза, за да бидеме похармонична и поубава средина за живеење. Ако кај повозрасните, промените потешко се случуваат, кај младите сигурно дека ќе успееме да влијаеме системски, односно преку правилна поставеност на националните образовни системи и со доволно голема поддршка од граѓанскиот сектор. Мораме да ги научиме да бидат насочени кон дијалог, кон градење на мир и кон поголем меѓусебно почитување. Да прераснат во луѓе без предрасуди, да соработуваат и да разменуваат искуства верувајќи дека така ќе придонесат за подобар живот во сопствената земја, а со тоа и во регионот.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на настан во Струга на кој беа претставени досегашните резултати од програмата за училишна размена и вмрежување „Супер училишта“ која ја спроведуваат Регионалната канцеларија за младинска соработка и Германското друштво за меѓународна соработка, а чија цел е поврзување на средните училишта од земјите во Западен Балкан со цел подобрување на нивните капацитети за спроведување на проекти за градење на меѓукултурен дијалог и регионална соработка.

„ Имав прилика да ги погледнам резултатите од досегашната имплементација на оваа иницијатива, односно програма во изминатите 6-7 месеци и можам да кажам дека се мотивирачки и очекувам во иднина да бидат уште подобри. Особено сум горд што и училишта од Северна Македонија зедоа активно учество во иницијативата. Со тоа се потврдува дека и ние како земја имаме младина која покажува подготвеност за учество во креирање на промените кои сите сакаме да ги видиме во Западен Балкан“, рече Шаќири.

Министерот се заблагодари за поддршката од RYCO и GIZ и како што рече, верува дека во иднина таа ќе биде уште поголема, бидејќи очигледна е намерата на сите земји од регионот да создаваат што подобри генерации на ученици и млади со вистински вредности.

„ Повикувам на истрајност во спроведувањето на оваа иницијатива и секако, нејзина поголема промоција и проширување во иднина. Да вклучиме што повеќе млади и да градиме регион кој ќе биде отпорен на политички влијанија чија цел е продлабочување на јазот меѓу народите“, додаде Шаќири.

Во рамки на иницијативата, вкупно 30 средни училишта од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Косово и Црна Гора, оранизираа 60 активности за размена на искуства преку вмрежување на над 800 ученици на возраст од 15 до 17 години. Во активностите беа вклучени и повеќе од 100 наставници. Иницијативата ќе се спроведува до март 2024 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

За време на протестите се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО, оценува Ковачевски

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на протестите кои се планирани од 19 часот вечерва, што започнуваат од пред Владата. Тој кажа дека овие информации ги добил од МВР. Не кажа дали протестите влијаат на одлуката која треба да ја донесе Владата, дали ќе го прифати францускиот предлог или истиот ќе биде одбиен.

dobivaj vesti na viber

Не е дозволиво да се протестира со качулки, смета Ковачевски.

„Она што се случува пред Владата е организирано од политички партии кои се против НАТО и ЕУ. С Македонија е демократска држава, со најуредено законодавство. Секој во оваа држава може да протестира. И јас сум протестирал, кога требало да се бранат правата на студентите и професорите, но никогаш не се случило освен еднаш и сега вторпат, да протестираат луѓе кои носат качулки кои гаѓаат по полиција, да имаме повредени полицајци. Секој може да протестира за секое прашање. Но целта, да се носат качулки, да се оди маскиран, е недозволиво за државата која го помина 27 април. Тоа не смее да се повтори. Вчера видовте дека полицијата се повлече. Овде се разговара за предлог од ЕУ. 27 земји членки, претставувани од Мишел, достави предлог за отпочнување на преговорите. Секој од нас во оваа држава е преставен преку пратениците во Собранието, без разлика од која партија се. Сите ќе ја донесеме одлуката дали сакаме преговори или не сакаме. Никому не му се криви полицајците кои стоеја зад Влада, извршувајќи ја својата должност. Не е крива ни зградата, бидејќи предлогот е дојде од 27 држави“, рече Ковачевски.

„Ние сме демократско општество, каде секогаш и во секоја пригода секој граѓанин може да го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека ќе биде во рамки на законите. Вчера имавме четири повредени полицајци. Денес се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО“, кажа Ковачевски.

Според него, Собранието ќе одлучи каква одлука ќе се донесе, односно дали ќе се прифати или одбие предлогот.

„Таму ќе има состаноци каде ќе учествуваат претставници од нивните редови, каде ќе расправаат по однос на заклучоците во врска со европскиот предлог од ЕУ. Сметам дека и Шарл Мишел беше јасен во својата експликација, дека ние имаме предлог кој ни овозможува веднаш започнување преговори со ЕУ. На Собранието е да одлучи дали ќе донесеме одлука да ги отпочнеме преговорите, и со кои заклучоци“, кажа Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За време на протестите се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО, оценува Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на...

Македонија3 часа

Мишел за францускиот предлог: Како пријател, сакам да ви кажам дека можноста е премногу важна за да се пропушти

Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот...

Македонија3 часа

Ковачевски: Со францускиот предлог, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот македонскиот јазик...

Македонија4 часа

Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови,...

Топ5 часа

МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашните протести пред Владата, запалено знамето на ЕУ

На вчерашните протести пред Владата биле повредени четворица полицајци, а било запалено и знамето на ЕУ, соопшти полицијата. Имено, вчера...

Македонија6 часа

Димитров: Тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката e голема лага

Тврдењето дека билатералниот протокол (историските и други прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес) и дека тоа се два...

Топ6 часа

НСДП го прифати францускиот предлог

Извршниот одбор на Новата социјалдемократска партија (НСДП) сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање...

Македонија7 часа

Нуредини: Првите седум контејнери со линдан излегоа од државата

Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија8 часа

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет9 часа

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија9 часа

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот...

Македонија10 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија20 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија23 часа

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија23 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија1 ден

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет1 ден

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија1 ден

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...