Македонија
Канческа-Милевска си го наградила возачот со 2.000 евра

Државните ревизори пронајдоа серија неправилности при ревизијата на сметката на буџетот на Министерството за култура за 2016 година додека со него управувала ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска.
Наодите од ревизијата покажаа дека ексминистерката за култура побарала од Министерството за финансии согласност за обезбедување 127 илјади денари во бруто-износ за ангажирање возач врз основа на авторски договор за период од 1 година. Финансии дало согласност на барањето на Канческа, но ревизијата утврдила дека лицето што всушност било дополнително ангажирано како возач било државен службеник и работело како самостоен референт во Секторот за општи работи.
Во Министерството за култура без решение биле ангажирани 6 службеници во кабинетот на заменик-министерот Драган Недељковиќ, иако за тоа не е законски предвиден кабинет за координација. За тројца од нив не била водена евиденција за присуство.
За сума од 818 илјади денари биле направени расходи за угостителски и ресторански услуги, без соодветна документација. Корисниците на услугите не изготвиле барања за службен ручек или вечера за домашни или странски гости, кое треба да го одобри овластено лице од институцијата.
При службено патување во странство потрошени се 232 илјади денари за трошоци за репрезентација, што е спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, каде што издатокот за исхрана е пресметан во дневницата.
Ревизорите напишале дека во бифето на Министерството за угостителски услуги биле исплатени 2 милиона и 178 денари денари или приближно 35 илјади ерва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.