Контакт

Македонија

МВР распишува оглас за прием на 600 нови полициски службеници

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 600 полициски службеници.

dobivaj vesti na viber

„Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/21 и 89/22), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на Република Македонија“ бр.8/15 и 130/16, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува јавен оглас:

I. За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

1. во Сектор за внатрешни работи Скопје ———————————— 300 извршители
2. во Сектор за внатрешни работи Охрид ————————————– 30 извршители
3. во Сектор за внатрешни работи Куманово ———————————- 15 извршители
4. во Сектор за внатрешни работи Штип —————————————- 35 извршители
5. во Сектор за внатрешни работи Тетово ————————————— 20 извршители
6. во Сектор за внатрешни работи Битола ————————————— 15 извршители
7. во Сектор за внатрешни работи Велес —————————————– 15 извршители
8. во Сектор за внатрешни работи Струмица ———————————– 40 извршители
9. во Регионален центар за гранични работи Север ————————– 25 извршители
10. во Регионален центар за гранични работи Запад ————————– 20 извршители
11. во Регионален центар за гранични работи Исток ————————– 20 извршители
12. во Регионален центар за гранични работи Југ ——————————- 15 извршители
13. во Оддел за специјални полициски операции ——————————- 50 извршители

1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
– да е здравствено и психофизички способен;
– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и
– да има положено тест за интегритет.

2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)
– висока лична физичка подготвеност.

3.Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:
– извод од матична книга на родените,
– диплома за завршено четиригодишно средно образование и
– две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
– Сектор за внатрешни работи Скопје:
– Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
– Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
– Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
– Сектор за внатрешни работи Битола;
– Сектор за внатрешни работи Велес;
– Сектор за внатрешни работи Куманово;
– Сектор за внатрешни работи Тетово;
– Сектор за внатрешни работи Охрид;
– Сектор за внатрешни работи Струмица,
– Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:
– Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
– Проверка на моторички способности – моторичките способности на пријавените лица се утврдуваат преку изведување на следните вежби:
а) „Склекови“, се оценува бројот на правилно изведени склекови во интервал од 10 секунди. Минимален број на склекови за мажи е 9, а за жени е 6.
б) „Стомачни подигања“, се оценува бројот на правилно изведени стомачни подигања во интервал од 30 секунди. Минимален број на стомачни подигања за мажи е 16, а за жени е 12.
в) „Скок во далечина од место“, се мери должината на скокот од одразното место до доскочното место со петите на нозете. Минимална должина на скокот од одразното место до доскочното место изнесува 220 сантиметри за мажи и 160 сантиметри за жени. Скокот од далечина од место се изведува во два обиди, а во табеларниот преглед се бодира подобриот резултат.
г) „Спринт на 20 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 20 метри. Минимално време за мажи изнесува 3,35 секунди, а за жени изнесува 3,50 секунди.
д) „Спринт на 100 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 100 метри. Минимално време за мажи изнесува 15 секунди, а за жени изнесува 18 секунди.
ѓ) „Трчање на 1500 метри за мажи“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 1500 метри. Минимално време изнесува 5 минути и 25 секунди.
е) „Трчање на 800 метри за жени“ се мери времето од стартот до целната линија поставена на 800 метри. Минимално време изнесува 3 минути.
ж) Други физички проверки определени од страна на Комисијата.
Бодовите од проверка на моторички способности претставуваат збир од добиените бодови од сите поединечни вежби.
Доколку пријавеното лице не го исполни утврдениот минимум само на една од поединечните вежби, ќе се смета дека ја поминал фазата проверка на моторичките способности доколку кумулативниот збир на добиените бодови од останатите поединечни вежби изнесува најмалку 21.
– Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)
– Писмено тестирање (општо – образовен тест),
– Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
– Безбедносна проверка и
– Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.
Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати“.

Според соопштеното од страна на МВР, рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

Во соопштението се нагласува дека ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

Македонија

Таравари ќе ги пофали перфектните директори на болници, а ќе ги смени оние што ќе бидат оценети како слаби

Објавено пред

Министерот за здравство Арбен Таравари подготвува измени во раковдниот кадар на јавните здравствени институции. Најавува дека е ги смени директорите кои ќе бидат оценете како слаби, а ќе ги пофали перфектните.

dobivaj vesti na viber

„Има перфектни, одлични, многу добри и слаби директори. Секогаш кога ќе направите избор од 150 раководни кадри во јавните здравствени установи некои ќе бидат многу добри, некои се слаби. Ние како Министерство ги анализираме перформансите на директорите и нормално е дека таму кај што не се раководи баш како што треба би требало да направиме промени меѓутоа дозволете ни време за да имаме основи и факти за некои од директорите дека генерално не функционирале добро. Тие што функционирале многу добро и перфектно треба да ги пофалиме, да ги кажеме. И се гледа по работите, гледате каде одиме и веќе промовираме одредени работи, од ништо прават нешто. Тоа е за пофалба“, рече министерот Таравари.

За да каже кого ќе пофали, а кого ќе смени Таравари побара уште време оти не сака да зборува паушално иако и од здравствените работници секојдневно добивал информации дека во одредени болници, здравствени домови, клиники има незадоволство од тоа што некои директори не се однесуваат баш како што треба. Таравари смета дека директорите треба да бидат диригенти на екипа која треба да функционира подобро за пациентите, кои се центар на вниманието во здравството, да бидат задоволни.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

О2 со барање и предлози до властите на Скопје за одлуки кои ќе ги вклучат сите извори на аерозагадувањето

Објавено пред

Поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето и носење серија одлуки кои ќе ги вклучат сите субјекти кои го креираат аерозагадувањето во Скопје, со зададени рокови и доволно време сите субјекти навремено да ги извршат потребните прилагодувања, предлагаат од Здружението за истражување, едукација и креирање еко политики „О2 иницијатива“. Тие вакво барање испратиле до советниците и до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кое ги наведуваат и одлуките кои треба да се донесат за да се намали загадувањето во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека во зимските месеци според студијата направена во 2021 година за која се вршени дневни мерења во тек на една година на две локации во Скопје – кај мониторинг станицата во Карпош и во Лисиче, утврдено е дека на на согорување на дрва и дрвна маса отпаѓа околу 50-60%, на согорување на нафта и мазут, за греење или како енергенс во индустријата, отпаѓа помеѓу 12% до 16% и на сообраќај отпаѓа меѓу 11% до 14% како позадинско урбано загадување, но во близина на сообраќајниците и до 34%. Во летните месеци пак, најголемо загадување. Дури до 46% го предизвикува градежна, почвена прашина.

„О2 иницијатива“ бара да се донесат седум одлуки во Град Скопје:

1. Забрана за греење на нафта, лесни масла, јаглен, мазут, кокс во град Скопје, која за домачинствата би стапила на сила 1.10.2026, а од 1.10.2028 за сите други објекти.
Ова, според иницијаторите, ќе им даде доволно време на домаќинствата за измена на начинот на греење во прифатлив, што би подразбирало на гас, со пелети, топлински пумпи, инвертери и сл, а јавните објекти ќе имаат доволно време да објават јавни повици, да изработат проектна документација и ја изведат потребната промена на терен. Општините за оваа потреба можат да аплицираат за инфраструктурни проекти до министерството за животна средина, од програмата децентрализација на Владата.

2. Домаќинствата кои ќе останат да се греат на дрва во град Скопје како и другите субјекти кои ќе користат дрва за греење и/или како енергенс, а тоа се најчесто погони од дрвна индустрија, да мораат да постават филтри. Оваа мерка да стапи на сила од 1.1.2027 за правните субјекти и домаќинствата во урбаните делови на град Скопје, од 1.1.2029 за домаќинствата во руралните делови на градот. Постојат филтри за домаќинства во земјава чии цени се пристапни за наши услови. Во тековниот период да бидат доделени субвенции од град Скопје и Владата на РСМ за филтри, соодветни на примањата во домаќинствата, со примена на скалест пристап, при што на најранливите категории ќе им бидат доделени суви дрва за греење за сезоната (за да се избегне горење на гуми и друг отпад) и филтри.

3. Од 1 октомври до 1 мај, но и во останатиот дел од годината во денови со загаденост за PM10 над 50 μg/m3 и за PM2.5 над 25 μg/m3, кои ќе бидат измерени на најмалку две мониторинг станици во Скопје, да можат да сообраќаат само возила од прва еколошка категорија, со зелена налепница, согласно Законот за возила. Исклучок ќе бидат возилата проектирани и изработени исклучиво за потребите на Армијата на Република Северна Македонија, полицијата, брзата помош, противпожарните служби, возилата на потполно глуви лица со потврда за членство од Националниот сојуз за глуви лица, на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на РСМ. Оваа мерка да стапи на сила од 1.10.2026.

Согласно законот, прва еколошка категорија ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 и повисоко, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 и ЕУРО 3 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, хибридните возила и електричните возила, како и возилата кои имаат вградена опрема која ја намалува емисијата на гасови во воздухот и ги достигнуваат стандардите на ЕУРО 4,5 и повисоко.

Граѓаните можат да ги искористат субвенициите согласно годишните програми на министерството за економија и труд за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на уреди за погон на ТНГ или друг вид на алтернативно гориво и за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило со одјавување на старото возило.

4. Забрана за користење на мазут, нафта, лесно масло, јаглен, кокс, петрол кокс како енергенс во индустриските/производни погони, мали, средни и големи, со и без елаборати за заштита на животната средина, Б – интегрирани еколошки дозволи, А – интегрирани еколошки дозволи, во град Скопје, онаму каде производниот процес го дозволува тоа и каде најдобро достапните техники укажуваат на можност за користење на гас или електрична енергија (примарно од обновливи извори). Оваа мерка да стапи на сила од 1.1.2030. Сите индустриски/производни погони кои треба да ја направат измената, а немаат пристап до гасовод, да се пријават до град Скопје до 1.7.2025, за тој навреме да биде изграден.

5. Поставување на систем од камери кои ќе ја покријат Скопската котлина со 24 часовен надзор за секаков вид палење, и службите како пожарникарската, ќе одговорат веднаш на терен и ќе добијат помош од локалната полиција. Дополнително, поставување на видео надзор над хроничните точки во градов каде редовно се пали отпад на отворено, со цел полесно идентификување и санкционирање на лицата кои извршуваат казниво дело, како и брзо гаснење на веќе појавените пожари. Оваа мерка да стапи на сила од 1.1.2026.

6. Организирано бесплатно собирање на остатоците од бербата, органскиот отпад од службите на град Скопје, компостирање на истиот во градски компостари, а за возврат добивање на околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми доставен отпад. На овој начин се спречува палење на стрништата. Оваа мерка беше спроведувана од град Скопје во текот на 2019 и 2020 година и треба да се врати подобрена на сила од 1.1.2026.

7. За цело време на траење на градежни работи, околу секој поголем градежен објект, да има поставено константен мониторинг на прашината (вкупна, PM10, PM2.5), како обврска на компанијата што ги изведува работите. За инспекција на спроведување на оваа одлука да се задолжат инспекторите за животна средина на град Скопје и на општините во градот, како и градежните инспектори на општините во градот. Да стапи на сила од 1.1.2026.

Со овие одлуки ќе бидат опфатени сите извори на аерозагадувањето во град Скопје и нивното спроведување ќе доведе до намалување во законски зададените граници, кои за кратко време ќе бидат двојно или повеќе пати пониски од сегашните, согласно новата ЕУ Директива за квалитетот на амбиентниот воздух. Очекуваме советниците и градоначалничката да покажат зрелост и одговорност и да постапат во најдобриот интерес на нас, граѓаните, и нашето здравје, особено во интерес на децата од овој град, без оглед на која партија/група припаѓаат- велат од „О2 иницијатива“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година, вели Таравари

Објавено пред

До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. И со овој оглас недостигот од средномедицински персонал нема да се покрие оти го има секаде во државата, според податоците што министерот Таравари ги добива на неделно ниво од внатрешноста.

dobivaj vesti na viber

„Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс со кој ќе бидат примени на работа речиси 1.000 средномедицински лица. Тука не подразбирам само медицински сестри, туку и болничари, лаборанти, оние што беа со договор на дело. Меѓутоа, повторно е малку, повторно ќе имаме потреба од вработување уште“, рече министерот Таравари.

За него, средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а огласот за вработување, кој треба да се распише, е дел од стратегијата на државата за нивно здржување во земјата заедно со уште неколку мерки преземени изминатата година.

„Триста специјализанти оваа година ќе примиме на работа и триста в година, 1.100 лица средномедицински персонал, имаме колективен договор, покачување на платите… Ова е тоа што може да го направи една Влада. Повеќе од ова за шест месеци јас не знам дали ќе можевме да направиме. Ова се наталожени проблеми, од 2017 година. И тогаш се бараше специјализантите да бидат вработени, за приватните зборувам, и тогаш се бараше колективниот договор и сега по седум години, успеваме за шест месеци да ги решиме овие проблеми, кои стојат подолго време во државата“, рече министерот Таравари.

Министерот извести дека од денес на Онкологија за пациентите се достапни двата биолошки лека, кои недостигаа. Објасни дека набавката на лековите задоцнила поради долгите и сложени процедури, кои мора да се следат оти станува збор за меѓународни тендери. Недостиг од двата лека Таравари вели дека имало само неколку дена и затоа смета дека се направил поголем метеж отколку што требало.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година, вели Таравари

До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат...

Македонија2 часа

Кривична за Рамиз Мерко: без оглас, именувал директор на училиште кој немал соодветно образование

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р. М. (67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

Македонија2 часа

Директорите на Фондот за иновации од СДС го оштетиле за повеќе од 400.000 евра, според ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, директорите на Фондот за иновации од СДС, Коста Петров и Фестим Халили, го оштетиле за повеќе од 400.000...

Македонија2 часа

Приберете си ги министрите, второто полувреме може да заврши со автогол за иднината на сите, порачува ДУИ

Уште еднаш ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да престане со инструментализацијата на државните институции и злоупотребата на фактот дека Албанците денес немаат...

Македонија2 часа

Груби по објавите дека ја напуштил државата: Патував во приватна посета, немојте да измислувате и шпекулирате

Поранешниот вицепремиер Артан Груби преку објава на социјалните мрежи демантира дека избегал од земјата. Како што синоќа објави на социјалните...

Македонија3 часа

МВР распишува оглас за прием на 600 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 600 полициски службеници. „Врз основа на член 79 став 1 од...

Македонија4 часа

Три земјотреси регистрирани во Македонија ноќеска

Три земјотреси се регистрирани во Македонија ноќеска. Најсилниот со јачина од 3,2 степени бил во околината на Гевгелија, според Европскиот...

Македонија15 часа

МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи

Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се...

Македонија19 часа

Вреди: ДУИ создава конфликти за да ги прикрие своите корупциски скандали

Коалицијата Вреди најостро ја осудува реториката на ДУИ која, според нив, продолжува да предизвикува етничка поларизација и тензија со цел...

Свет20 часа

(Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков како одговор на утринскиот напад...

Економија20 часа

Инспекторите влегоа во маркетите, производите се намалени за 10%

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) започна контроли низ ланците на маркети низ целата земја, со фокус на производите од „Новогодишната кошница“,...

Топ21 час

Терористичка група откриена во Македонија, приведени четворица по акција на полицијата и меѓународните партнери

Во координирана полициска акција спроведена утрово во Струга и Гостивар, приведени се четири лица под сомнение дека се дел од...

Македонија22 часа

Засилени мерки пред празниците, Тошковски најави казни за употребата на пиротехнички средства

Министерството за внатрешни работи интензивира активности за подобрување на јавната безбедност пред новогодишните празници. Превентивните мерки вклучуваат намалување на користењето...

Економија23 часа

Костова: Власта ја остави кошничката на граѓаните празна, трговците се збогатуваат

Во време кога животниот стандард на граѓаните е сериозно загрозен, а трошоците за живот се зголемуваат, СДСМ ја обвини Владата...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува дека владејачката коалиција сака да го поништи Охридскиот договор

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја изрази својата загриженост за, како што велат, малигната агенда на актуелната влада за...

Македонија1 ден

ЦУК: Шест скијачи се загубиле на Попова Шапка поради маглата, успешно се спасени

Шест лица кои се изгубиле на Попова Шапка, поради густата магла и новиот снег, беа пронајдени и успешно евакуирани благодарение...

Свет1 ден

(Видео) Севернокорејските војници се дел од нападите на Курск

Русија по прв пат започна да ги користи севернокорејските војници во значителен број за да изврши напади врз украинските сили...

Македонија1 ден

Вреди: Студентите не заслужуваат да учат од личност како Груби

Новиот извештај на американскиот Стејт департмент, кој го објави Артан Груби како личност вмешана во корупција во контекст на спасувањето...

Економија1 ден

Над 900 производи со пониски цени до 15 јануари

Со стартот на акцијата „Новогодишна кошница“, граѓаните ќе имаат можност да купат повеќе од 900 производи по намалени цени од...

Македонија2 дена

Муцунски го обвини Фрчкоски за финансиски злоупотреби, тој возврати со предизвик за докази

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, обвини дека поранешниот амбасадор во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, направил значителни финансиски...