Македонија
Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови на Судскиот совет, меѓу кои е и таа. Чачарова-Илиевска, која пред две недели рече дека и треба време да ја анализира интерпелацијата за да заземе став, денес одговори на наводите во интерпелација.
„Јас тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судскиот совет и затоа, да ви кажам искрено, не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност за да поднесам оставка. Интерпелацијата нема индивидуализирано кои дејствија, кои постапки јас како член поединец на Судскиот совет сум ги презела несовесно, незаконито кои би можеле да ми се стават на товар заради таквиот извештај на работа во Судскиот совет и воопшто за работата на целиот Судски совет“, рече Чачарова- Илиевска.
Во одговорот на интерпелацијата таа навела дека како што е поднесена, интерпелацијата упатува на интерпелација на Судскиот совет како колективно тело.
„Сметам дека тоа е диксриминаторски однос спрема челновите на Судскиот совет кои согласно Устав и закон се еднакви и рамноправни. Прекршено е начелото на еднаквост на челновите на Судскиот совет. Понатаму наведов дека е дискутабилна можноста или правото на Собранието за поднесување интерпелација на член на Судскиот совет имајќи го предвид фактот дека интерпелацијата е механизам на политичка контрола врз носителите на јавни функции“, вели Чачарова- Илиевска.
Таа посочи дека во членот 68 од Уставот, каде што се наведени надлежностите на законодавната власт има одредба во која е наведено на кого може да му врши контрола Собранието преку механизмот интерпелација. Таму се наведени носители на јавни функции кои што се одгворни пред Собранието, Владата и секој член на Владата, но не и носителите на јавни функции од судството.
„Сметам дека ова е преседан во досегашната парламентарна историја на Република Северна Македонија, кој што може да има далекусежни последици. Прво, затоа што може да доведе до некои чудни, нелогични и неуставни појави во иднина, може да се случи некој да поднесе интерпелација на членови на Уставниот суд, на судиите од Уставниот суд затоа што овде па и Собранието ги избира членовите на Уставниот суд, а и тие се носители на јавни функции. Понатаму на сите судии, на обвинителите што е недозволиво и претставува упад на законодавната власт во судската власт и нормално, кршење на една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, а тоа е поделба на власта на законодавна, судска и извршна власт“, вели Чачарова- Илиевска.
Таа укажа дека за интерпелацијата веќе има реакции од домашната сручна јавност, но и од надворешни фактори вклучително ЕУ како и Стејт департментот. Токму затоа Чачарова-Илиевска смета дека треба многу внимателно да се пристапи кон прашањето за интерпелацијата и да се сфати дека таа е механизам за политичка контрола заради утврдување политичка одговорност кај носители на јавни функции кои се одгворни за својата работа пред Собранието.
„Поврзувањето на фактот што не е усвоен извештајот за работа на Судскиот совет за 2023 година и тоа им служи како основа за поднесување на интерпелацијата, сметам дека е апсолутно незаконски, неуставно, недопуштено во конкретниот случај, бидејќи ако го читаме Законот за Судскиот совет, во духот на законот членот 100 во кој се дава можности да се отвори расправа во случај на неусвојување на годишен извештај за работа на Судскиот совет, впрочем, упатува за зајакнување на соработката меѓу судската власт и законодавната власт во однос на решавање на проблемите кои се утврдени во извештајот на Судскиот совет како проблеми во судството заради заедничко надминување“, нагласи Чачарова-Илиевска.
Освен за Чачарова-Илииевска интерпелации се поднесени и за Весна Дамева, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, односно петтемина членови на Судскиот совет, избрани во Собранието.
Членот на Сускиот совет Милазим Мустафа, денес рече дека одговориле по сите основи наведени во интерпелацијата и откако ќе завршат псите процедури во Собранието се надева на позитивен исход.
Барањето за интерпелација на членовите на Судскиот совет во Собранието на почетокот на месецов го поднесоа пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Влен“ и ЗНАМ поради негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување на довербата на граѓаните во судството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Урбаните џентлмени возеа низ Скопје за машкото здравје

Стотици урбани моторџии облечени во костуми, палта, вратоврски и елегантни чевли денеска по десетти пат продефилираа низ улиците на Скопје во рамки на глобалната акција The Distinguished Gentleman’s Ride, посветена на подигање на свеста за машкото здравје и борбата против ракот на простатата.
Со задолжителна кацига на глава и на класични мотори, учесниците беа дел од светско движење што годинава се одржа во 108 држави и собра над илјада учесници.
Скопје за првпат стана дел од оваа урбана и хуманитарна мото-приказна во 2016 година, благодарение на иницијаторите Игор Стефановски и Благоја Петровски, кои успеаја низ годините да го задржат ентузијазмот и интересот за ова уникатно дружење со хуманитарна цел.
Како и претходните години, собраните донации ќе бидат уплатени на сметката на фондацијата „Мовембер“ во Лондон, од каде потоа се распределуваат кон болници и институции кои се борат за подобрување на машкото здравје и заштита од рак на простатата.
Македонија
Таравари: Горд сум на Алијансата за Албанците, ќе победиме на локалните избори

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук изрази гордост за одлуката на партијата да ја напушти Владата, истакнувајќи дека, и покрај обидите да се прикаже како поделена, АА е посилна од кога било.
„Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата“, напиша Таравари.
Тој им порача на критичарите дека обидите да се создаде слика за разединетост не успеале.
„На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна. Гордо сме посилни од кога било“, истакна лидерот на АА.
Таравари заврши со порака дека партијата ќе излезе како победник на претстојните локални избори во октомври.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски направи хаос и задолжи три генерации

Опозициската СДСМ денеска со реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото признание за слабостите на Владата доаѓа предоцна и дека за десет месеци владеење, ВМРО-ДПМНЕ направила „непоправливи штети“ во државата.
„Касно е признанието на Мицкоски дека Владата му е катастрофа. Штетите што ги направи за неполна година се непоправливи, а иднината на граѓаните и нивниот стандард се уништени“, наведуваат од СДСМ во соопштението.
Оттаму обвинуваат дека Владата за краток период „ја уништила економијата, го срозала стандардот и ги закопала перспективите“, без да реализира ниту еден сопствен проект.
„Сѐ што направија е што се шетаа со приватни авиони и бизнис-класи, јадеа манго и папаја, и ја задолжија државата за три генерации. Денес гордо се сликаат пред инвестиции што ги започна СДСМ“, велат од партијата.
Според нив, во јавноста постои „огромно незадоволство“ од политиките на Владата, што, како што посочуваат, ќе се одрази на следните избори.
„Мицкоски не е ни свесен за гневот меѓу граѓаните. Затоа сега најавува победи – затоа што знае дека задоволството од неговата работа паѓа од ден на ден“, стои во реакцијата на СДСМ.