Контакт

Македонија

Независните до Милошоски: Ослободете го ВМРО-ДПМНЕ и напуштете ја партијата

Објавено пред

Би сакала да ја потсетам јавноста, дека СЈО го избравте токму вие и овде славевте и скокавте. Вие баравте бомбите да бидат само индиции. Уште во март ова го баравте, цела година преговарате, рече пратеничката Нола Исмајлоска-Старова, обраќајќи му се на пратеникот Милошоски.

Милошоски претходно порача дека пратениците под уцени и закани гласале за уставните промени, а истото власта го правела и сега со носењето на законот за ЈО.

„Кога гласаа за промена на уставот им се закануваа со затвори по 15 години, ги носеа како компири, ги уценуваа, ги плашеа. Доаѓаа со жилави раце од лисици за да гласаат во оваа Собрание. Нека е честита коалицијата на СДСМ и Крсто Мукоски“, рече Милошоски.

Пратеничката Александрова, пак, го обвини Милошоски дека ја уништиле партијата и дека оваа битка за да не се донесе законот за ЈО ја воделе преку партијата со намера да не излезат пред лицето на правдата.

„Со кое право вие ја уништувате партијата, колега Милошоски слушнавме во бомбите дека вие сте тој што ужива привилегии. Заради вас, луѓето заминаа во затвор. Милошоски напуштете ја партијата, ја уништивте, ослободете ја. Ја претворивте партијата во битка за вашите лични интереси“, рече Александрова.

 

Македонија

Облачно и дождливо со температура до 14 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи во работна посета на Австрија

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Австрија, каде ќе оствари средба со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средба и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на Премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија.

Во агендата на Османи планирана е и посета на Долниот дом при австрискиот Парламент, каде е предвидена средба и со пратеници – претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на пролетните самити на ЕУ, особено поддршката која Република Австрија ја обезбедува за земјава и регионот.

Посетата на Виена на вицепремиерот Османи е дел од засилена дипломатска и државна активност, во пресрет на пролетните самити на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Гази Баба и на Карпош

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Гази Баба и на Карпош.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Трубарево ул. бр.1 (општина Гази Баба) и во периодот од 10:00 до 15:00 часот корисниците од улицата Франц Прешерн (општина Карпош).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет13 минути

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Регион12 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа14 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија14 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија17 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија18 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија19 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија20 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија20 часа

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија20 часа

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија21 час

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ22 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија22 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија22 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион23 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет23 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет24 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа24 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија1 ден

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Досие