Македонија
Неподвижни луѓе од Беровско со трактори донесени да се вакцинираат
Неподвижни лица од селото Ратево, Беровско, со трактори биле симнувани од нивните домови за да пристигнат до вакциналните места каде што се спроведува теренската вакцинација.
На фотографиите што ги објави министерот за здравство, Венко Филипче, може да се види неподвижна жена, седната во приколка од трактор, како ја прима вакцината против Ковид-19.

„Исклучителна посветеност и организација при процесот на вакцинација и во непроодните места покажаа екипите на ЈЗУ Здравен дом Берово. Во селото Ратево со трактор се спуштени неподвижните лица и се вакцинирани. Теренската имунизација се спроведува плански и на тешкодостапните места. Сѐ што е потребно е да се има желба и заинтересираност од страна на граѓаните“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Тој е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.
Со последните бројки, 56 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.

