Македонија
Николоски: Крими коалицијата СДСМ-ДУИ донесе ДУП вреден 200 милиони евра во корист на контроверзен бизнисмен
Далеку од очите на пошироката јавност на 31 август оваа година само еден ден по формирањето на старо- новата Владата на СДСМ и ДУИ во Советот на Општина Тетово каде мнозинство имаат исто така СДСМ и ДУИ се изгласа детален урбанистички план кој во себе носи криминал, корупција како и сериозен регионален контроверзен контекст, изјави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
КРИМИ КОАЛИЦИЈАТА СДСМ/ДУИ ДОНЕСЕ ДУП ВРЕДЕН 200 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КОРИСТ НА КОНТРОВЕРЗЕН БИЗНИСМЕНДалеку од очите на…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Сабота, 05 септември 2020
„ Еден ден по изгласувањето на Владата мафијата на дело покажа како изгледа коалицијата на политичкиот естаблишмент и криминалците. Имено на седницата на Совет на Општина Тетово беше изгласан детален урбанистички план за урбан блок 57а кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак. Со ДУП-от целосно се нарушува балансот и урбаното живеење во градот. Со овој ДУП се предвидува градба од 230 000 метри квадрати од кои станови дури 140 000 метри квадратни, а околу 80 000 метри квадратни деловни објекти. Поедноставено ова значи околу 2 000 нови станови во Тетово со некаде околу 8 000 нови жители, како и деловни објекти кои дополнително ќе го оптоварат градот. План за кој нема никакви нити урбанистички нити сообраќајни услови а најмалку хумани услови за живот. План во кој потенцијалната заработка на инвеститорот надминува незамисливи 200 милиони евра!
Тука доаѓаме до клучното прашање- кој е сопственик на земјиштето и за кого СДСМ и ДУИ го спремаат овој профитабилен бизнис? Сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак како и земјиштето на кое ќе се гради е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. На македонската јавност познат од разговорите кои се објавија пред парламентарните избори во кои јасно се слуша дека дал 300 000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово. На македонската јавност и беше исто така презентирано дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, на 15.01.2019 и на 07.02.2019 дала согласност да се понуди остатокот од ШИК Јелак на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од ШИК Јелак искористувајќи празнини во законот. Со тоа контроверзниот Миодраг Дака Давидовиќ има право да го откупи по почетна ниска цена целокупното земјиште на ШИК Јелак и на него со новиот ДУП да изгради објекти од кои ќе заработи незамисливи 200 милиони евра. Дека ништо не е случајно се слушна и во разговорите од кои се дозна дека Давидовиќ е во постојана комуникација со Драги Рашковски- генералниот секретар на Владата, а има средби и со Зоран Заев.
Изгласувањето на спорниот ДУП само еден ден по формирањето на Владата по претходна согласност од Министерство за транспорт и врски исто така предводено од СДСМ само ги потврдува сите криминални наводи објавени во разговорите пред изборите, а исто така отвора и сомнеж за нови кривични дела од видот на повластување на инвеститори. Се поставува прашањето кај кого ќе завршат 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра спомнати во разговорите како додаток на веќе исплатените 300 000 евра? Кој се од СДСМ и ДУИ е замешан во ова? Дали целта на коалицијата на лагата меѓу СДСМ и ДУИ е продолжување на криминалот? И дали се свесни СДСМ и ДУИ за регионалниот контекст поврзан со гоестратешките ориентации на регионот и улогата на Миодраг Дака Давидовиќ во истите? За ова ќе пишувам повеќе во текот на утрешниот ден.
Во прилог усвоениот ДУП како и прецизниот опис на вкупно развиената површина за градба која надминува 230 000 метри квадратни со над 2 000 станови и најмалку 8 000 нови жители“ порача Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

