Контакт

Бегството на Груевски

Обвинителството анализира 60 телефонски броеви на лица кои комуницирале со Груевски пред да избега

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја извести јавноста за досегашните преземени дејствија за бегството на осуденикот Никола Груевски.
Во соопштението пишува дека обвинителството издало наредби за одземање на снимките од видеонадзорот од камерите на сејф сити-системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Република Албанија. Од три хотели во Скопје обвинителството добило одговор дека не се во можност да го екстрахираат снимениот видеоматеријал, по што надлежниот јавен обвинител издал наредба за одземање на приемниците за снимање и нивно вештачење.

Целокупниот прибран видеоматеријал со големина од околу 10 терабајти бил доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. По таа наредба сè уште се постапува.

Од Интерпол, преку Министерството за внатрешни работи, доставена е информација со која се укажува дека не постојат податоци за излез на Груевски на ниту еден граничен премин од Македонија во критичниот период.

„Преку меѓународна правна помош, обвинителството на 19.11.2018 година достави барање до надлежните институции во Република Албанија и Република Црна Гора за обезбедување на снимките од видеонадзорот на граничните премини, како и од камерите со кои се покрива околината на Амбасадата на Република Унгарија во Тирана. По барањето, црногорските власти постапија веднаш и на 21.12.2018 година екипи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција лично го презедоа снимениот видеоматеријал во Подгорица“, соопштија од обвинителсството и додаваат дека надлежните органи од Албанија, по две ургенции, ги известиле дека побараниот видеоматеријал е обемен и дека не поседуваат опрема за негов  пренос.

Во предметот, како што соопшти обвинителството, издадени се 16 наредби за листинзи од вкупно 60 телефонски броеви од лица кои биле поврзани или за кои постоело сомнение дека комуницирале со осудениот во критичниот период. Листинзите се обезбедени и од нив првично се утврдени некои факти кои се предмет на натамошно постапување и анализа.

Надлежниот обвинител, преземајќи дејствија во предметот, сослуша вкупно 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на осуденото лице Никола Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица.

Обвинителството во неколку наврати побарало од надлежните служби да му бидат доставени информации и податоци за начинот и преземените мерки во обезбедувањето. Исто така, до повеќе надлежни институции, обвинителот достави барања за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство. Од сите институции пристигнат е одговор дека немале сознанија ниту информации за такви планови на осуденото лице.

Основното јавно обвинителство утврдило дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, сега осуденото лице Никола Груевски подигнало околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до СЈО.

„До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителство“, пишува во соопштението.

Најново

Македонија4 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава4 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет5 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава5 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава6 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет6 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет7 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија7 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија7 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...