Македонија
Пациенти со Ковид-19 ќе се примаат и на Кардиологија и на Пластична хирургија, во „8 Септември“ само итни операции
Министерството за здравство соопшти дека во склоп на клиничкиот блок „Мајка Тереза“ во Скопје и во ГОБ „8 Септември“ се зголемија капацитетите за хоспиталзација на пациенти со Ковид-19. Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија на УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.
Оттаму додаваат дека на Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија ќе продолжи со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментот се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.
„Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата ‘Св. Наум Охридски’ во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со Ковид-19 се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде што за болните од Ковид-19 ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.
Во ГОБ ‘8 Септември’ ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид-пациенти. Во болницата ќе се немали хируршката програма и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести, кои се неодложни“, се наведува во соопштението.
Исто така, се додава дека на ковид-одделите во внатрешноста има доволен број болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптоварени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.

