Македонија
Петмина починати и 127 новозаболени од Ковид-19 во земјата
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 38, Куманово – 23, Дебар – 1, Штип – 3, Прилеп – 15, Тетово – 8, Струга – 2, Велес – 5, Битола – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 12, Струмица – 1, Пробиштип – 3, Пехчево – 2, Берово – 3, Виница – 1, Делчево – 3, Свети Николе – 3, Неготино – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 19, Дебар – 1, Битола – 3, Кавадарци – 11, Гостивар – 22, Демир Хисар – 1, Кичево – 2, Неготино – 1.
Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69), двајца од Гостивар (77 и 63), еден пациент од Неготино (69) и еден од Скопје (70). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.799, бројката на оздравени пациенти е 10.210, на починати е 573, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.016. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.733, активни 892
• Куманово 1.401, активни 362
• Дебар 242, активни 77
• Штип 1.111, активни 261
• Прилеп 414, активни 78
• Тетово 1.197, активни 181
• Струга 547, активни 142
• Велес 264, активни 38
• Битола 197, активни 53
• Охрид 326, активни 60
• Кавадарци 170, активни 90
• Гостивар 752, активни 300
• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 58, активни 23
• Крива Паланка 37, активни 11
• Радовиш 40, активни 11
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 134, активни 30
• Пробиштип 79, активни 24
• Демир Хисар 60, активни 26
• Македонски Брод 69, активни 36
• Пехчево 12, активни 6
• Берово 42, активни 33
• Валандово 7, активни 0
• Виница 64, активни 42
• Делчево 38, активни 33 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 278, активни 68
• Кичево 263, активни 98
• Ресен 146, активен 1
• Неготино 44, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.768 теста се преку: ИЈЗ – 510, ЦЈЗ Скопје – 21, „Авицена“ – 132, „Биотек“ – 268, МАНУ – 117, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 217, „Систина“ со PCR-метода – 342, лабораторија „Лаор“ – 56, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 53, Инфективна клиника – 19, ГАК – 21, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 14 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 3 позитивни, една мајка и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 54 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 15, а во болницата во Штип – 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 110 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 117
• Гази Баба – 108
• Аеродром – 104
• Карпош – 95
• Центар – 94
• Кисела Вода – 94
• Ѓорче Петров – 67
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 38
• Студеничани – 20
• Сарај – 23
• Арачиново – 18
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.
Македонија
Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените на изборите
Европскиот фронт со голема загриженост ги проследи денешните скандалозни заканувачки изјави на лидерите на опозицијата кои загубија на претседателските и парламентарните избори кон Управниот суд, соопштија од оваа партија.
Европскиот фронт, како што велат, ги регистрирал заканитеи ја известил целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за јавните изјави со закани како и обидот за изборен инженеринг со надворешно-институционални меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија, како и со партиски притисоци до управниот суд.
Според нив, таквиот обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.
„Со политички договори и монструозен антидемократски план, изготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните.
Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор.
Ги повикуваме сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крај, без да се стави никаква дамка на волјата на граѓаните изразена на изборите“, реагираат од Европскиот фронт.
Македонија
Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025.
На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација.
Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите.
„За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ“, рекоа оттаму.