Контакт

Македонија

Почна спроведувањето на симулациската вежба за справување со болеста чума кај малите преживари

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Организацијата на Обединети нации (FAO) денес почна со реализација на активностите во рамките на симулациската вежба за болеста чума кај мали преживари, која ќе се одржи од денес до четврток. Цел на вежбата, на која учествуваат претставници од АХВ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската Унија и членовите на Сојузот на здруженијата на одгледувачите на овци „Модерен овчар“, е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ.

dobivaj vesti na viber

а Факултетот за земјоделски науки и храна денес се одржува првиот теоретско-практичен дел од симулациската вежба, а утре во с. Брњарци, општина Гази Баба, ќе се одржи теренскиот дел од вежбата.

„Ги информираме јавноста и месното население од село Брњарци и околните населени места дека теренските активности што ќе бидат преземени утре се исклучиво во рамките на предвидените за реализација на симулациската вежба. Не станува збор за реална ситуација и појава на жариште на болеста чума кај малите преживари, туку само вежба за превенција и оценка на ефикасноста на постојниот систем за заштита од болеста“, рече директорот на АХВ, Оливер Миланов, на отворањето на симулациската вежба.

Болеста, истакна тој, од минатата година е присутна и во регионот и во Европа и таа кај нас како институција го вклучи алармот сериозно да се посветиме на нејзина превенција. Во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна лани одржавме серија работилници во земјата со одгледувачите на ситен добиток и заедно алармиравме да се зајакнат биосигурносните мерки на фармите.

„Во рамките на оваа вежба практично и теренски ќе бидат споделени најдобрите практики и искуства за справување со болеста, која и сега, дури и на големите развиени економии, им создава сериозно големи удари врз добиточниот фонд и предизвикува големи економски штети“, рече Миланов.

Како држава засега успеваме да го спречиме ширењето на болеста кај нас за што, потенцира тој, изразувам благодарност и до одгледувачите на добиток, нивните здруженија и до науката.

„Заедно успеваме засега да се одбраниме од болеста која многу бргу и многу лесно во услови на динамична економија во европски и светски рамки може да ја афектира и нашата земја. И досега ја потврдивме исклучителната и блиска, но професионална соработка, со сите вклучени во системот за заштита од појава и спречување од ширење на болеста чума кај малите преживари како болест од А-категорија, која бара спроведување исклучително високи стандарди и мерки за заштита“, истакна тој.

Миланов изрази благодарност до европските експерти, кои на вежбата ќе ги споделат искуството и најдобрите практики за справување со болеста чума кај малите преживари, но и уверување дека во иднина биосигурносните мерки на фармите ќе бидат подигнати на уште повисоко ниво.

По спроведувањето на вежбата, ќе се направи евалуација на подготвеноста на Агенцијата за храна и ветеринарство за одговор при појава на болеста, а ќе се реализираат активности за подобра подготвеност на институциите и засегнатите страни при појава на особено опасни заразни болести како што е болеста чума кај малите преживари.

Македонија

Собранието: Пратениците работат, откажани се само пленарните седници, комисиите и неколку други настани

Објавено пред

Од Собранието денеска се јавија со реакција по повод реакциите во јавноста за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела.

dobivaj vesti na viber

„Сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите.

Сепак, работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.

Пратениците се активни и посветени на законодавните процеси. Секоја изјава со која се претпоставува дека паузираат е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушување на угледот на Собранието и народните избраници“, велат од собранието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Деаноски: Првпат од воведувањето во 2012 година, Владата сама, без работниците, одлучува за минималната плата, апсолутно сме незадоволни

Објавено пред

Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ) е апсолутно незадоволен од одлуката на Владата минималната плата да се зголеми за 1.800 денари, рече денес претседателот на Синдикатот, Трпе Деаноски. Синдикатот на УПОЗ и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) остануваат на барањето минималната плата да биде 500 евра.

dobivaj vesti na viber

„Првпат откога е воведена минималната плата во 2012 година, за неа се одлучи без работниците. Ние имавме парола пред неколку години на Први мај: ‘Не смее да се одлучува за работниците без работниците’, а за жал, Владата вчера на седница си донесе износ од 1.800 и не знам точно колку денари на минималната плата. Се донесе без Економско- социјалниот совет да разговара за оваа минимална плата, без да одлучат и работодавците, и работниците, и Владата за оваа плата. Првпат се случува ова, меѓутоа имајќи предвид во каква држава живееме, нема да биде ни последен пат. Апсолутно сме незадоволни од ваквата одлука на Владата, ги знаете нашите барања, од тоа не отстапуваме“, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Деаноски.

Изјавите дека Владата ќе дозволи за износот на мнималната плата да се договорат работодавците и синдикатите, Деаноски ги смета за небулозни.

„Јас сакам да ја потсетам Владата дека таа е најголемиот работодавец во државата. Во државата се вработени 129 илјади работници во јавниот сектор, од кои минимум 25 илјади директно зависат од усогласувањето на минималната плата. Тоа значи дека ова не е покачување на платата. Ова е само усогласување што треба да го добијат сите работници во државата. Првпат Владата сама си донесе одлука. Ние не сме репрезентативни, и премиерот рече дека додека немаме репрезентативност, ние не можеме да учествуваме на Економско-социјалниот совет. Изгледа на Владата толку добро ѝ оди што може да си носи одлуки без синдикатите и без работниците, за жал“, вели Деаноски.

Какви чекори ќе преземат синдикатите по одлуката на Владата, Деаноски најави дека ќе одлучуваат в петок кога е закажана седница на претседателството на ССМ, а в петок е закажана и седница на комисијата за репрезентативност, која треба да одлучи дали ССМ, каде што членува и Синдикатот на УПОЗ, се репрезентативни претставници на работниците.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Објавено пред

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.

dobivaj vesti na viber

„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ“, напипа Фрчковски.

ВМРО-ДПМНЕ праша претходно зошто СДС молчи за фотографиите на кои се гледа дека Фрчкоски се дрогира.

„А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор? Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци? Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?“, посочија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговори побара и Бране Петрушевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Со голема шокираност ја примивме информацијата која се појави на социјалните мрежи каде што се гледа дека функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, користи бели наркотични супстанци. Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори, истакна Петрушевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по...

Македонија1 час

Останав без колегите оти сите се заплашени со бркање од работа ако излезат и ѝ дадат поддршка на колешката повредена со два куршума, вели Деаноски од УПОЗ

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска...

Македонија2 часа

Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири, контролите продолжуваат, најави Митева

За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап –...

Македонија4 часа

Таравари не кажува дали бара 40 отсто кандидати за градоначалници, но тврди дека состојбата во коалицијата „Влен“ е релативно стабилна

Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, тврди дека состојбата и во коалицијата, но и...

Македонија5 часа

Уште пет пациенти денеска ќе се вратат од странство: четири од Шпанија и еден од Грција

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информира дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од...

Македонија5 часа

„Тоа е рана што никогаш нема да зарасне, ќе крвави во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко, кој се врати од лекувањето во Белград

Дарко Стојанов, кој по стравотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство, вчера пристигна дома. Тој беше пречекан...

Македонија5 часа

Вработените во Филхармонија ќе бараат кривична одговорност од Љутков, не го прифаќаат незаконскиот избор на директор

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е...

Македонија5 часа

Запленети парфеми, облека, обувки, цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милион денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис...

Македонија6 часа

Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“: продолжува истрагата за пожарот во Кочани, соопшти МВР

Вчера, од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д. Ј., неговото возило „инсигнија“ и во два...

Македонија7 часа

„Селективна правда не е правда, зошто ниеден актуелен функционер не е опфатен со истрагата“, прашува СДСМ

„Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна...

Европа8 часа

Русија: Украински дронови соборени над Црното Море неколку часа по делумното примирје

Украински беспилотни летала се соборени над Црното Море, тврди руското Министерство за одбрана – само неколку часа откако беше договорен...

Свет9 часа

Трамп ги пофали Турција и Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Турција како добро место и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како добар...

Свет9 часа

(Видео) 18 загинати во Јужна Кореја: земјата е погодена од еден од најлошите пожари во историјата

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги...

Свет19 часа

Што се’ денес договорија САД, Русија и Украина

САД денеска постигнаа договор со Украина и Русија за прекин на огнот во Црното Море и ветија напори за запирање...

Македонија19 часа

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното...

Македонија20 часа

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава...

Македонија22 часа

(Видео) Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов, велат од неговата гимназија

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот...

Македонија1 ден

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија1 ден

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија1 ден

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...