Македонија
Сајкоски: Ќе вложиме во РЕК Битола, комбинатот ќе биде во полн сјај и ќе бидат реконструирани блоковите
Битола е на врвот на агендата на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
„Сакаме да им гарантираме дека Битола ќе биде културен, образовен, економски и енергетски центар. Ќе вложиме во РЕК Битола , комбинатот ќе биде во полн сјај и ќе бидат реконструирани блоковите. Сакаме исто така да укажеме дека ќе вложуваме и во општина Битола. Секоја година општината од владата ќе добива 11 милиони евра, ќе се направат влезовите во Битола. Но, владата исто така ќе ја направи обиколницата до Меџитилија, ќе вложи многу средства за градот Битола. Сакам да ги повикам битолчани во што поголем број на изборите на 8 мај да се приклучат исто како и во првиот круг за да донесеме една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа за Македонија“, изјави Сајкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Деспотовски: Не ни требаат условени оставки во СДСМ, секој да почне од себе без да ги чека другарите
Потребна е храброст кај партискиот врв за да се прифати реалноста на овој пораз, вели Јован Депостовски од СДСМ.
Тој укажува дека во партијата на е време за условени оставки кои ќе се ефектуираат доколку и другите си поднесат оставки.
„Секој да почне од себе без да го чека партискиот другар до него. Само така овој процес на промена нема де трае предолго а штетата нема да стане ненадоместлива“, вели Деспотовски.
Како што додава, на членството и поддржувачите потребен им е консолидиран, свесен и реформиран СДСМ.
„Вчеравечер пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност, со име и презиме,почнувајќи од врвот. По статутот, тоа ќе отвори веднаш простор за поширока анализа на причините за овој пораз. За одговор на прашањата: Каде исчезна онаа енергија од пред 7 години? Дали ветивме многу работи а малку исполнивме? Каде се стопи довербата и како се загуби сета онаа надеж кај луѓето? Признанието дека имаме огромен проблем е прв чекор за негово надминување“, пишува Деспотовски.
Засклучува дека за носење на брзи и квалитетни одлуки потребна е итна сериозна анализа, која не треба да се одолговлекува.
Претходно денес, оставки поднесоа потпретседателите на СДСМ, Фатмир Битиќи, и Перо Костадинов. Битиќи најави дека неговата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и останатите сопартијци кои го сочинуваат раководството на партијата.
По изборниот пораз, првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела, почнувајќи од раководството на СДСМ до претседателите на општинските организации.
Македонија
Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов
По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК.
Во согласност со Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.
Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
Мандатот на пратениците во Собранието се избираат за време од четири години и пратеникот не може да врши други јавни функции или професии. Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.
Во однос на претседателските избори, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. На 12 мај истекува мандатот на Стево Пендаровски.
Доколку инаугурацијата на Силјановска се одржи на 12 мај, таа ќе треба да го додели мандатот за новиот состав на Владата.
Пред преземањето на должноста, претседателот дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.
Македонија
Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа
Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски. Од обработени 99,09 отсто од избирачките места i 99.82 отсто обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541 глас.
Со поголема разлика во гласовите за претседател беше избран само Киро Глигоров во 1994 година. Тој имаше 517.978 гласа повеќе од противкандидатот Љубиша Георгиевски. Беше избран во првиот круг со освоени 715.087 гласа, а Георгиевски освои 197.109 гласа.
На претседателските избори во 2019 година, кога Пендаровски и Силјановска-Давкова првпат се соочија и влегоа во вториот круг, Пендаровски победи со историски најмала разлика во гласовите од сите досегашни претседателски избори. Доби 58.210 гласа повеќе од Силјановска-Давкова, односно тој во вториот круг освои 435.656 гласа, а Силјановска-Давкова имаше 377.446 гласа.
Во 2014 година Ѓорге Иванов вториот мандат во вториот круг го доби со разлика од 136.834 гласа. Тој освои 534.910 гласа, а Пендаровски, кој тогаш првпат се кандидира за претседател, доби 398.076 гласа.
Со разлика од 188.788 гласа Ѓорге Иванов го доби првиот претседателски мандат во 2009 година. Тој освои 453.616 гласа, а Љубомир Фрчковски 264.828 гласа.
221.138 гласа беше разликата со која Бранко Црвенковски го победи Сашко Кедев на изборите во 2004 година. Тој освои 550.317, а Кедев 329.179 гласа.
Борис Трајковски во 1999 година го победи Тито Петковски со 69.194 гласа разлика. За Трајковски имаше 582.808, а Петковски доби 513.614 гласа.