Контакт

Македонија

Седуммина млади луѓе признаа вина за настаните пред Собранието

Објавено пред

Седум од осум обвинети за настаните пред Собранието признаа вина пред Кривичниот суд. Некои од нив посочија дека се каат за она што се случува. Само еден рече дека не го сторил кривичното дело за кое го гонат. Обвинетиот Младен Ристовски, кој е во куќен притвор, рече дека не сакал да го стори кривичното дело. Со него во салата беше присутно и неговото семејство. Тој е редовен студент. Призна вина пред судијката.

dobivaj vesti na viber

„Не сум сакал, едноставно тоа што се случи – се случи и не сакав ништо од ова да биде“, рече Ристовски на што судијката му врати: „Толпата е опасна работа“, а тој врати „Не мислев дека ќе се случи ова“.

Иван Јосифовски, кој има 18 години и се наоѓа во куќен притвор, а е од Радишани, учи во средното економско и правно училиште во Кисела Вода. Тој потенцира дека никогаш не фрлал со предмети кон полицијата и дека не повредил никого.

„Не бев свесен дека правам кривично дело. Се чувствувам виновен, ја признавам вината за делото за кое се товарам“, рече Јосифовски и додаде: „Кон полицијата не фрлав“, а судијката му посочи дека ако признава вина, го признава и тоа.

Сепак, тој реши да признае вина.

„Дали твојот камен или дали каменот на некој од твоите соборци тоа не се утврдува. Сите вие заеднички сте дејствувале. Затоа е учество во толпа. Затоа не пишува дека Иван со ова дејство го повредил ова лице. Тогаш немаше да биде учество во толпа“, посочи судијката Славица Андреевска, па тој рече: „Давам признание, сигурен сум“.

Славчо Симоновски, единствениот што е во ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е неженет и осудуван, со завршено средно образование.

„Признавам вина. Свесно е дадено“, рече Симоновски.

Бојан Стефановски од Радишани, кој има 18 години и е четврта година средно во економско-правно училиште, исто така призна дека е виновен за настаните пред Собранието.

„Се чувствувам виновен. Да, ја признавам вината“, рече Стефановски, а судијката сметаше дека можеби има задршка во признанието на вина, на што тој реплицира: „Суво ми е грлото“. Обвинетиот рече дека доброволно го дава признанието на вина.

Никола Михаиловски, кој е неосудуван, со средно образование и има 22 години, исто така рече дека чувствува вина.

„Ја признавам вината, признанието е свесно и доброволно“, рече тој.

Виктор Стојков, кој учи во скопското средно угостителско и е во куќен притвор, а има 18 години, посочи дека чувствува вина.

„Да, чувствувам вина и се каам“, рече Стојков, а судијката посочи: „Не може да се прости“. Обвинетиот рече дека признанието е свесно и доброволно.

Антонијо Величковски, кој е во куќен притвор, а по професија е физеотерапевт и има завршено факултет, е единствениот што не призна вина. Тој има 30 години и е татко на малолетно дете. Нему ќе му се суди во посебна постапка.

„Не се чувствувам виновен, не сум го сторил делото. Не ја признавам вината“, рече Величковски.

19-годишниот Штефан Шуман, кој е во куќен притвор, има завршено средно. Тој призна вина пред судот.

„Ја признавам вината, се чувствувам виновен“, рече Шуман.

Обвинителката Наташа Сарамандова рече дека ги гони за учество во толпа. Тие фрлале со тврди предмети кон Собранието, ја оштетиле оградата, но повредиле и полицајци.

„На 5.7.2022 година, пред зградата на Собранието, за време на собир на граѓани, обвинетите заедно и со други непознати лица учествувале во толпа и сториле насилства. На еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а на 22 лица им се нанесени повреди. Кога била тргната оградата, заедно со непознатите лица, со тврди предмети, бекатон, пиротехнички средства и ‘молотови коктели’ фрлале кон зградата на Собранието и полицајците додека тие биле распоредени во заштита на зградата. Тие му причиниле штета на Собранието, а обвинетиот Антонијо Величковски пред влезот на болницата ‘Св. Наум Охридски’ учествувал во толпа, која оштетила полициско возило. Со рака го искршил ретровизорот, па дејствувал со непознати лица, фрлал со бекатон, па го прскале со спреј. Обвинетите сториле кривично дело учество во толпа што ќе направи кривично дело“, рече Сарамандова.

Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години. Судијката треба да изрече пресуда.

Македонија

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Објавено пред

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив.

dobivaj vesti na viber

„Францускиот предлог ќе биде строго следен. Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија“, ова за БГНЕС го изјавил шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев.

„Бугарија останува исклучително доследна во однос на политиката кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји од регионот. Во 2022 година беше постигнат европски консензус (францускиот предлог), кој строго ќе се следи. Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Членството во ЕУ се заснова на сопствените заслуги“, вели тој, пренесува медиумот.

Георгиев истакнува дека „Бугарија и Владата остануваат апсолутно непоколебливи и посветени на овој пристап“.

„За нас безбедноста и европската интеграција на Западен Балкан е исклучително важна. Ова е инвестиција во стабилноста на цела Европа и ја препознаваме како земја која во 2018 година го започна, го охрабри и катализираше овој процес. Ги знаеме и ги чуваме нашите национални интереси и интересите на целата Европска унија“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити во Вашингтон: Вербата и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме иднината

Објавено пред

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, денешниот ден во Вашингтон го започна со учество на „Молитвениот појадок“, традиционален и значаен настан кој обединува политички лидери и влијателни личности од целиот свет.

dobivaj vesti na viber

На овој настан, Меџити ја истакна важноста на дијалогот и рефлексијата, како и клучната улога на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Тој нагласи дека за време на неговата посета на Вашингтон е посветен на зајакнување на врските на Северна Македонија со демократскиот свет, промовирајќи заеднички вредности и пријателство меѓу народите.

„Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме инклузивната иднина,“ изјави Меџити.

За време на неговиот престој во САД, Меџити оствари низа значајни средби, потврдувајќи ја посветеноста на Северна Македонија за продлабочување на меѓународната соработка и зајакнување на стратешките партнерства

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова со тим од Државниот завод за ревизија: укажано на потребата од домаќинско управување со јавните добра и санкционирање на незаконските постапки

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими раководниот тим на Државниот завод за ревизија, предводен од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателката беше детално информирана за тековната работа и клучните алармантни наоди од Годишниот извештај за извршените ревизии.

Раководниот тим укажа на најризичните состојби и нужноста од нивно брзо и ефикасно надминување. Исто така, главниот државен ревизор ги презентираше тековните, како и планираните активности, согласно Годишната програма за работа.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази импресионираност од темелниот, стручен и професионален однос на ДЗР во вршењето на надлежностите, што ја вбројува во најпочитуваните државни органи дома, но и од надвор. Таа изрази особена поддршка за системскиот и транспарентен пристап кон работатата, укажувајќи на потребата од законско и домаќинско управување со јавните добра и средства, како и санкционирање на незаконските постапки.

Таа посочи дека почитувањето на наодите и препораките на ДЗР е суштинско за унапредување на отчетноста и транспарентноста во јавниот сектор.

Професионалноста и независноста на ревизорите беа истакнати како основни причини за високиот углед, рејтинг и доверба во Државниот завод за ревизија.

Се отвори прашањето за новиот Закон за државна ревизија, како и за потребата од гарантирање уставен статус на ДЗР, како гаранција за независност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија13 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија13 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија14 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија15 часа

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ15 часа

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија15 часа

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија18 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија18 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија18 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија19 часа

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа19 часа

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет20 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион20 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа20 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет21 час

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија1 ден

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија2 дена

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија2 дена

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија2 дена

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...