Македонија
Силјановска-Давкова денес и утре на Самитот за мир во Украина
Претседателката Гордана Силјановска -Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина.
Предвидено е претседателката Силјановска-Давкова да има обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот, информира претседателскиот Кабинет.
Собирот има за цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес.
На конференцијата, што се одржува на иницијатива на Украина, ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации. Ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што е размената на воени заробеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зголемена фреквенција за излез од државата, се чека околу 45 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска и утре
Денеска и утре, по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Имено, од 6 часот денеска и утре, сообраќајот кон Градските гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата Бутелска, лево по улицата Александар Урдаревски, лево по улицата Боца Иванова и десно до влезот на гробишта „Бутел“, а за излез од гробиштата десно по улицата Боца Иванова до кружниот тек на улицата Бутелска, па лево по улицата Бутелска и десно по улицата Кемал Сејфула.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта „Камник“ и во Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
(Видео) Разладување со сладоледи во скопската зоолошка градина
Скопската Зоолошка градина на „Фејсбук“ објави видео на кое животните јадат сладоледи и се разладуваат во пеколно жешките денови во главниот град.
„На екстремно топло време и животните бараат разладување. Традиционално како и секое лето подготвивме сладоледи за нашите најмили. Поздрав од Мадагаскар екипата“, се наведува во објавата.
Видеото на ЛИНКОТ.