Македонија
Тренчевска: Економското зајакнување на жените е врвен приоритет на Министерството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/4-1.jpeg)
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се обрати на панелот „Креирање политики и мерки што поддржуваат родова еднаквост на работното место во С. Македонија“ како дел од конференцијата „Родова еднаквост на работното место“. Конференцијата беше во организација на Алијансата за родова еднаквост (Gender Equality Alliance) поддржана од Консалтинг за стратешки развој (SDC) и USAID.
„Секторот за еднакви можности е главниот владин механизам што работи на креирање политики и спроведување мерки во насока на имплементирање на родовата еднаквост во нашата држава. Како еден од главните чекори во исполнување на таа цел беше донесувањето на стратегијата за родова еднаквост во 2022 година, која ќе биде со важност до 2027 година. Таа се спроведува преку акциски план, на кој главните стратешки цели се да се спроведе ефикасен и ефективен механизам на национално и локално ниво за намалување на стереотипите поврзани со родовите улоги“, рече Тренчевска.
Министерката истакна дека целта е да се изгради култура на недискриминација и еднаквост во сите сфери на живеењето посочувајќи дека до крајот на 2024 година државата ќе биде во можност да ги измери и достигнувањата од мерките по претходно поставените индикатори.
Тренчевска зборуваше и за вклучувањето на жените на пазарот на труд, како дел од нејзината надлежност како министерка за труд и социјална политика во државата.
„Од оперативниот план за вработување како најатрактивни мерки ги издвојувам мерката за самовработување, која им овозможува на жените да отворат свои бизниси. Речиси половина од корисниците се млади девојки. Тука ќе ја спомнам мерката за стекнување ИТ-вештини, каде што за оваа година ја зголемивме возрасната граница од 29 на 40 години за да оствариме опфат на повеќе жени. Преку ваквите мерки вклучуваме жени што не може да најдат работа, можам да посочам дека успешно ги извлекуваме од системот за социјална заштита и ги интегрираме на пазарот на трудот“, рече Тренчевска.
Министерката на крајот од панелот ги посочи двете кампањи на Министерството за труд и социјална политика: „Гласна и храбра“ и „Остави трага“, кои ја поттикнаа дискусијата во општеството за поголемо економско зајакнување на жените. Таа истакна дека Министерството во периодот што следува продолжува со своите заложби за унапредување на статусот на жените во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.