Македонија
Утре во Скопје шефовите на дипломатиите на Австрија, Чешка и Словачка
Утре во посета на земјава ќе бидат министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски.
„Тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија Жозеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето евро-пристапно досие“ велат од МНР.
Освен средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, предвидено е тројцата министри да бидат примени од претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се сретнат и со лидерот на опозицијата, а ќе имаат одвоени средби и со пратеници од опозицијата и од владеачката коалиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

