Македонија
Царовска се сретна со студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето успешни политики

Министерката за образование и наука Мила Царовска се сретна со претставници на универзитетско – студентските собранија. На состанокот се разговараше за сите прашања кои се поврзани со младите и нивното квалитетно образование, но и за зајакнување на соработката помеѓу МОН и собранието на студентите, како и воопшто со сите млади во државата.
Царовска истакна дека студените и младите ќе бидат еден од клучните партнери на министерството во креирањето успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на младинскиот живот и стандард.
Претставниците на собранијата истакнаа дека соработката е добредојдена и очекуваат активно вклучување на младите во креирањето на сите важни младински политики во државата, посебно на оние кои се однесуваат на подобрување на условите за живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.