Контакт

Македонија

Јанева останува во притвор

Објавено пред

Ексшефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, останува во притвор поради опасност од бегство.

Апелациониот суд не ја прифати жалбата на нејзините бранители со која се бараше укинување на притворот.

Судот донесе одлука Јанева да остане во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Во одлуката се наведува дека со завршување на истрагата за „Рекет“ отстранета е само можноста ексшефицата да влијае врз сведоци.

Македонија

(Видео) Заев од Велес: Носиме економија што нуди шанса за младите, нивното место е тука, да ја европеизираат државата

Објавено пред

„Во секое општество, во секоја држава напредокот и развојот во голема мера зависат од младината, од младинската енергија и младинските политики. Колку се младите поактивни, помотивирани и поуспешни толку на државата и оди подобро и побрзо се развива. 11 години, не беше лесно да се биде млад човек во нашата земја. 11 години младите и овде во Велес и низ целата држава беа запоставени, манипулирани, без шанси за успех. Оние кои немаа избор заминаа надвор од своите градови, надвор од својата татковина“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на ИЕ 4.

„Но, многу од оние кои останаа овде решија да се борат. Се вклучија во борбата против режимот, го вложија својот младешки дух и енергија и беа предводници во процесот кој донесе промени. Заедно со младите го победивме режимот и заедно со младите почнавме да го трасираме патот кон подобра иднина за сите. Процесот не беше лесен, ситуацијата не ветуваше многу, но секогаш се потпиравме на одлучноста и енергичноста на младите и почнавме да правиме пресврт на подобро.

Во 2017 кога ја презедовме важната улога да ја водиме државата, не дочека младинска невработеност од 48,6 отсто една од највисоките во Европа. Во превод, без работа беше секој втор млад човек до 29 години. Тоа за нас беше аларм за брзи и коренити промени во политиките кон младите. Започнавме со реализација на сериозни и издржани мерки и политики кој доведоа до зголемување на вработување на младите“, рече Заев.

Според него, преку оперативниот план за активни мерки за вработување, поддршката преку Фондот за иновации и технолошки развој, поддршката за вработувања на млади, успеавме значително да ја намалиме младинската невработеност.

„Денес, таа изнесува 35,3 отсто и е во постојан тренд на опаѓање. Денес младите во Северна Македонија својата шанса ја гледаат овде, а не некаде низ светот. Тоа за нас е обврска да продолжиме уште повеќе и уште подобро да се грижиме за нашата младина, за нашата иднина. Затоа, денеска пред младите, се обврзуваме на нови решенија, решенија за иднината кои обезбедуваат услови секој млад човек тука да ја гледа својата шанса за успех.

Преку конкретни, ефикасни, структурни мерки и политики, се обврзуваме стапката на младинска неврабтоност до 2024 година да ја донесеме под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од денес. За таа цел Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и тој буџет ќе продолжи да расте. Обезбедуваме директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис. Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите, односно повисоки плати за 10% веднаш“, додаде Заев.

Тој истална дека поранешното „Македонско село“ кое е во државна сопственост, го трансформираа во „Старт-ап село“ („Start-Up Village“) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка.

„Мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование продолжува и понатаму. Ова се само дел од мерките и проектите од нашата понуда во програмата. Ова е економски патриотизам на дело, затоа што денес, во 21 век, во време на динамичен развој и зголемена мобилност, вистински патриотизам е да ги задржиш младите дома, дома да создаваат и работат, дома да градат кариера, семејства и индина. Од друга странам, ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека не знаат економија, знаат само да земаат од граѓаните, да ги бркаат младите надвор од државата како што го правеа тоа цели 11 години.

Но, младите тоа нема да го дозволат. Младите ќе одберат работа, повисоки плати и европски стандарди дома. Ќе одберат напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро. Затоа што знаат дека заедно можеме. Тоа е нашата понуда и порака до младите: Останете дома, зграпчете ги шансите, заедно да се бориме, бидете дел од трансформацијата на нашата економија, бидете дел од европеизацијата на нашата татковина. По 15 јули заедно продолжуваме да градиме држава партнер на младите, да градиме економија кој носи шанса за сите, а особено за младите“, истакна Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање дава резултати

Објавено пред

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот Ковид-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците, подготвеноста на капацитетите за следниот период, се осврна на анализите од Институтот за јавно здравје за изминатите недели, како и на состојбата во регионот.

„Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот, во соседните земји. Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони инфицирани со Ковид-19 ширум светот се регистрирани во месец јуни. Ова потврдува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита“, потенцираше министерот Филипче.

Состојбата во светот, исто така, потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне – практично не се остварија.

„Во последните денови светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука. Ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени. Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите нормални активности, но со почитување на мерките за лична заштита. Исто така, мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тоа што првично сите земји во светот го очекуваа“, изјави министерот Филипче.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, во нашата земја регистрирани се 303 помалку нови случаи со КОВИД-19, со помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти. Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1.000 случаи во просек претходните три недели, што значи и минатата недела инциденцата е нешто пониска. Р0 Факторот на преносливост во изминатите десет дена, два до три дена е само над единица – 1,1, целиот останат период е околу 0.9.

„Во наведениот период регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица над 60 години – 26%. Апелирам уште еднаш возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни, покрај тоа што најчесто заболуваат, а и смртноста во оваа група е висока. Во последниот извештај на ИЈЗ има 57 смртни случаи од десет града, што е осум смртни случаи помалку од претходната недела. Најголем број од случаите на возраст над 60 години, а 44 од нив се лица со претходни хронични заболувања. Во однос на дистрибуцијата по градови, најголем број од регистрираните случаи се во Скопје – 46%, Тетово – 13%. Овие градови и натаму остануваат најголемите жаришта во нашата земја. Во 15 града во земјата, за истиот период бројот на новопотврдени случаи е под 20. Спорадични случаи има во повеќе градови, бројките варираат секаде, но она што може да се заклучи од изминативе повеќе недели дека нема знаци дека постои друго потенцијално жариште освен Скопје, Тетово и нешто повеќе случаи во Гостивар“, рече министерот Филипче.

Во наведениот период оздравени се водат 447 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување што е за 216 повеќе од претходната недела на известување и тој е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активните случаи.

„Во земјата досега се направени 68.059 тестирања. Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи ги и контактите на позитивните по индикација дава резултати, како што може да се забележи во просек имаме околу 8.000 тестови неделно. Овој пристап ни овозможува да имаме еден широк увид во состојбата во однос на ширењето на вирусот. Овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта, пред сè во Скопје и во Тетовскиот регион, да се задржиме на овој линеарен раст на случаи. Како резултат на оваа стратегија имаме рана детекција на асимптоматски случаи и секако нивно изолирање, нешто на што интензивно работат сите центри за јавно здравје, посебно Центарот за јавно здравје во Скопје во чијашто работа се вклучени сите колеги од центарот, не само епидемиолозите и со такво интензивно следење на контактите практично се спречува ширење на заразата“, истакна министерот Филипче.

Тој посочи дека и во следниот период се продолжува со истата стратегија и упати апел до граѓаните да соработуваат со здравствените работници, да даваат точни податоци за епидемиолошките анкети, заради тоа што тоа е еден многу битен сегмент за раната детекција на нови случаи.

„Анализата во однос на процентот на позитивни од тестирани случаи укажува на тоа дека имаме просек од 13% од вкупниот број на направени тестови и во изминатиот период оваа бројка не се менува значително. Во последните 24 часа направени се 894 тестирања, регистрирани се 78 нови случаи. Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица, починати се 5 пациенти. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 7.124, на оздравени е 3.199, на починати е 346 и во моментот број на активни случаи 3.579. Во однос на хоспитализацијата во изминатиот период целиот тим на Министерството за здравство и менаџерите на болниците беа посветени на менаџирање на капацитетите и ресурсите, како и организација на системот на ротација“, информираше Филипче.

Во моментот вкупно хоспитализирани се 421 пациент, суспектни и позитивни на КОВИД-19, или 11,4 % од вкупниот број на активни случаи. Бројот на хоспитализирани од активни случаи е речиси ист изминатиот период и се движи од 11 до 12%, останатите 88% се на домашно лекување со лесна клиничка слика или асимптоматски. Во изминатиот период евидентен е и број на повеќе оздравени и повеќе исписи од болниците и тој е практично еднаков со бројот на нови приеми.

Анализата на хоспитализираните пациенти при нивното доаѓање во болница, упатува на заклучокот дека има процент на пациенти кои доаѓаат во болница откако состојбата им е значително влошена.

„Во однос на состојбата со болничките капацитети и слободните места на Инфективната клиника во изминатите 24 часа, примени се 5 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 90, на кислородна поддршка 53 пациенти, има околу 20-тина кревети во самата клиника кои што се на располагање. Овој тренд на помал број на примени пациенти од испишани трае повеќе денови споредено со периодот од пред една недела до десет дена. Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти и четири деца. Во ГОБ „8-ми Септември“ примени се шест нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти, на респираторна машина се три лица. Во болницата во Битола хоспитализирани се 37, во Штип 45 пациенти и во двете болници има слободни кревети за следните денови, а секако со план за испис на пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово , Прилеп и Гостивар хоспитализирани се вкупно 94 пациенти и нема одделение во коешто нема слободни кревети во овој момент“, рече министерот Филипче.

„Сакам да апелирам до граѓаните, апсолутно и безусловно да ги почитуваат мерките за заштита – маска, дистанца, редовна хигиена, дезинфекција на рацете. Ова се универзални мерки кои се базираат на истите принципи, како и другите мерки во светот. Нема друг начин да се заштитиме од ковид вирусот. Живееме со вирусот, мора да го прифатиме тоа како реалност, да функционираме нормално, да работиме па дури и да се дружиме. Само со почитување на мерките ќе се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите и нашите сограѓани. Така ќе ги заштитиме и ќе им помогнеме на здравствените работници кои пет месеци пожртвувано, деноноќно работат и се борат за секој човечки живот. Да ги почитуваме сите мерките за да го зачуваме и нашиот здравствен систем да остане стабилен“, истакна Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Силјановска: Мора да почнеме од право и правда, а тоа од нас го бара и ЕУ

Објавено пред

Гордана Силјановска-Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска посочи дека правото и правдата се клучни елементи и затоа мора да се почне со нив и да се стави акцентот во оваа област.

Говорејќи за актуелната политичка ситуација, Силјановска рече дека е крајно време со политика да се занимаваат луѓе кои се реализирани, кои не се корумпирани, кои не се криминализирани.
„Првото нешто што ни го бара Европската Унија е владеење на правото, затоа мора сè да почне оттука. Тоа е клучно. Сè ќе биде поинаку ако во Собранието седнат луѓе со знаење, ќе можеме со аргументи да правиме консензус за политики“, кажа Силјановска.

Професорката се осврна и за тоа кога еден јазик станува официјален во ЕУ.

„Тоа е редовна процедура. Во ЕУ постои рамка за употреба на јазиците, што значи тоа – кога ќе завршат преговорите се пристапува кон склучување договор,  тоа е прво ниво, второ ниво е регулатива број 1 од 1958 година и на таа регулатива се поднесува амандман за јазикот на државата која влегува во ЕУ. И со овој последен чекор или со амандман јазикот на државата која станува полноправна членка во ЕУ станува и официјален јазик во ЕУ“, рече Силјановска, која укажа дека мултилингвализмот е главно во Европскиот парламент, а оти другите институции на ЕУ секоја има различно утврдени официјални јазици.

Силјановска говорејќи за договорите со Грција и Бугарија рече дека добрососедство може да има кога има заемна почит.

„Добрососедство може да има по прошка, а прошка може да има по извинување. Почит и разбирање не може да има без извинување. И самата ЕУ треба да тргне од суштината на добрососедството. Мислам дека ЕУ мора да се насочи на суштината на филозофијата на своето постоење бидејќи за да биде унијата, заедница мора да е втемелена на вредности. Во барање на решенијата треба да тргнеме од суштината, значи не може да зборуваме за добрососедство ако нема заемно почитување“, рече Силјановска пред споменикот на децата бегалци во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Скопјанец починал во својот стан по каснување од стршен

Скопјанец на возраст од 49 години бил пронајден починат од страна на итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата...

Македонија4 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија4 часа

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се...

Македонија4 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија5 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион5 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија6 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија6 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион8 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ8 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура8 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија8 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион23 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион1 ден

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава1 ден

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет1 ден

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт1 ден

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија1 ден

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ1 ден

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Досие